Поранешна стјуардеса открива: 9 работи кои патниците НЕ треба да ги прават во авион и причината за тоа

Не земајте лекови за спиење. Одењето без чевли во тоалет е гадно. Масичката пред вас добро е да ја пребришете пред да ја користите за јадење - претходно некој ги потпирал нозете или менувал пелени таму. Поранешна стјуардеса открива 9 работи кои не треба да ги правите во авион.

rabotev-kako-stjuardesa-2-godini-ovie-10-raboti-ne-treba-da-gi-pravite-dodeka-ste-vo-avion-01.jpg

Арина Блум 2 години работела како стјуардеса и во поопширна статија за Insider открива кои десет работи посакува патниците да престанат да ги прават додека се во авион.

Tаа е позната и по тоа што на нејзиниот ТикТок профил редовно објавуваше видеа од работното место, поради што беше и отпуштена.

Во едно од видеата таа покажа каде спијат стјуардесите:

@arina.bloom My most requested video to show where Flight Attendants sleep??‍♀️ #flightattendants #cabincrew #flightattendantlife #cabincrewstories #crewrest ♬ original sound - Arina Bloom

Како што вели таа во статијата, за време на нејзиното работење имала прилика да види најразлично однесување додека била во авион.

Кои 10 работи што посакува патниците да не ги прават се на врвот на нејзината листа:

Спасувачките елеци под седиштето не се ваши за да ги носите дома

Спасувачките елеци под седиштето не треба да си ги земате како сувенир. Не само што правите кражба, туку и го загрозувате животот на следниот патник во авионот.

rabotev-kako-stjuardesa-2-godini-ovie-10-raboti-ne-treba-da-gi-pravite-dodeka-ste-vo-avion-02.jpg

Немојте да заборавате да пуштите вода во тоалетот

Ако не знаете како точно се користи тоалетот во авионот, добро е да прашате стјуардеса.

Можеби сте збунети од големиот број копчиња, но ако не сте пуштиле вода во тоалетот тоа нема да помине незабележано.

rabotev-kako-stjuardesa-2-godini-ovie-10-raboti-ne-treba-da-gi-pravite-dodeka-ste-vo-avion-03.jpg

Најдобро е да не земате лекови за спиење додека сте во авион

Тоа што изгледате поспани и не можете да се разбудите може да го уплаши персоналот во авионот кој понатаму ќе треба да бара медицинско лице или да ви укаже прва помош.

rabotev-kako-stjuardesa-2-godini-ovie-10-raboti-ne-treba-da-gi-pravite-dodeka-ste-vo-avion-04.jpg

Никогаш не носете сопствен алкохол во авионот

Нема потреба да ризикувате и за внесување мали шишиња алкохол да добиете забрана за влез.

Дури и ако не ве забележат стјуардесите, тие често може да добијат поплаки од другите патници.

rabotev-kako-stjuardesa-2-godini-ovie-10-raboti-ne-treba-da-gi-pravite-dodeka-ste-vo-avion-06.jpg

Членовите на екипажот не се задолжени да ви го сместат рачниот багаж

Тоа не е работа на стјуардесите. Доколку торбата ви е премногу тешка, најдобро е да ја пријавите со останатиот багаж.

rabotev-kako-stjuardesa-2-godini-ovie-10-raboti-ne-treba-da-gi-pravite-dodeka-ste-vo-avion-07.jpg

Немојте да одите во тоалет, додека стјуардесата во дава демонстрација за безбедност

Ако станете за време на демонстрацијата за безбедност, стјуардесите треба да застанат, да ве почекаат и да почнат од почеток кога ќе се вратите.

rabotev-kako-stjuardesa-2-godini-ovie-10-raboti-ne-treba-da-gi-pravite-dodeka-ste-vo-avion-08.jpg

Секогаш пребришете ги масичките на седиштата пред да ги користите

Често се случува некои луѓе да ја користат масичката за да се потпрат на неа додека спијат или пак на неа да му променат пелена на бебето.

Користете алкохолни марамчиња за да ја дезинфицирате масичката.

rabotev-kako-stjuardesa-2-godini-ovie-10-raboti-ne-treba-da-gi-pravite-dodeka-ste-vo-avion-09.jpg

Никогаш не одете во тоалет без чевли

Тоалетот најверојатно е највалканиот дел во авионот. Често подот е мокар и тоа не е само вода. Не сакате да ги намокрите чорапите, нели?

rabotev-kako-stjuardesa-2-godini-ovie-10-raboti-ne-treba-da-gi-pravite-dodeka-ste-vo-avion-10.jpg

Немојте да молчите доколку не се чувствувате добро

Доколу се соочувате со вртоглавица или имате напад на паника најдобро е да се консултирате со стјуардесите. Тие сигурно поминале обука и знаат како да ви помогнат како да се справите со овие проблеми.

rabotev-kako-stjuardesa-2-godini-ovie-10-raboti-ne-treba-da-gi-pravite-dodeka-ste-vo-avion-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
„Златни“ правила за удобно летање со авион, според стјуардеси Ако ве болат ушите, купете тампони за уши и не ставајте вредни работи, како лапт...
Киднапирале авион и држеле патници во заложништво над 60 часа: Приказната зад хит серијата The Hijac... Во 1970-тите, двајца мажи киднапирале патнички авион и се заканувале дека ќе пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg