Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Морничавата приказна за Зодијак - еден од најпознатите сериски убијци на сите времиња, кој праќал шифрирани пораки

Серискиот убиец Зодијак е поврзан со пет смртни случаи, а експертите веруваат дека убил барем 20 лица, додека самиот тврдел дека има 37 жртви. Зодијак е најпознат по мистериозниот идентитет, но и шифрираните пораки што ги испраќал во медиумите во Сан Франциско каде што убивал.

shifrirani-poraki-najmalku-20-zhrtvi-shto-znaeme-za-zodijak-seriskiot-ubiec-chij-identitet-e-misterija-do-denes-01.jpg

Најпознатиот сериски убиец во историјата на САД го користел псевдонимот „Зодијак“ и до денес уште не е познат идентитетот на оваа личност. Најпознатиот детаљ од случајот со Зодијак се писмата што тој ги испраќал до медиумите и полицијата. Во пораките, од кои дел биле шифрирани, убиецот откривал каде се неговите жртви и тврдел дека е одговорен за смртта на 37 лица.

Засега се потврдени само седум од овие случаи каде што имало пет мртви и двајца повредени. Експертите веруваат дека Зодијак убил од 20 до 28 луѓе.

Првите жртви на серискиот убиец

Како што напоменавме, експертите поврзале седум случаи со серискиот убиец. Дејвид Артур Фарадеј (17) и Бети Лу Џенсен (16) биле застрелани во 1968 година. Мајкл Рено Маго (19) и Дарлин Елизабет Ферин (22) биле застрелани во 1969 година – Мајкл го преживеал нападот.

Брајан Калвин (20) и Сесилија Ан (22) биле избодени во 1969 година – Брајан преживеал. И, Пол Ли Стајн (29) бил застрелан и убиен исто така во 1969 година.

Првото убиство поврзано со Зодијак е она на средношколците Бети Лу и Дејвид Артур.

shifrirani-poraki-najmalku-20-zhrtvi-shto-znaeme-za-zodijak-seriskiot-ubiec-chij-identitet-e-misterija-do-denes-02.jpg

На 20 декември 1968 година, Бети и Дејвид биле на романтичен состанок и прво планирале да одат на божиќен концерт во нивното училиште. Наместо тоа, околу 10 часот навечер, отишле на место кое било популарно меѓу младите парови во Сан Франциско.

Неполн час подоцна, жена која живеела во близина ги нашла нивните мртви тела.

Според истрагата, убиецот (Зодијак) дошол со автомобил и се верува дека им наредил на Бети и Дејвид да излезат од автомобилот. Прво го застрелал Дејвид во главата, а потоа ја застрелал Бети во грбот дури петпати и си заминал со неговиот автомобил.

Неколку месеци подоцна, на 4-ти јули, убиецот ги нападнал Мајкл Рено (кој преживеал) и Дарлин Елизабет (која им подлегнала на повредите).

Овој период никој не знаел кој стои зад убиствата, а полицијата не ги ни поврзала.

shifrirani-poraki-najmalku-20-zhrtvi-shto-znaeme-za-zodijak-seriskiot-ubiec-chij-identitet-e-misterija-do-denes-03.jpg

Првото писмо од Зодијак

На 1-ви август 1969 година убиецот испратил три речиси идентични писма до три локални медиуми во Сан Франциско. Во писмата, убиецот изјавил дека тој е одговорен за гореспоменатите убиства.

Во секое од трите писма имало и различен дел од шифрирана порака. Од медиумите, убиецот побарал да го испечатат шифрираниот дел на насловните страници бидејќи, во спротивно, ќе го поминел викендот во убивање.

Следниот ден, едниот од весниците објавил дел од шифрираната порака, заедно со порака од локален шериф. Шерифот побарал од убиецот да испрати уште едно писмо со повеќе детали што можат да го потврдат неговиот идентитет.

Набрзо потоа биле објавени останатите два дела од пораката, која била речиси целосно дешифрирана истиот месец:

„Јас сакам да убивам луѓе бидејќи е многу забавно, многу позабавно од убивање диви животни во шумата, бидејќи човекот е најопасното животно од сите.

Убивањето ми го дава највозбудливото искуство и најдоброто е тоа што кога ќе умрам, ќе бидам прероден во рајот и сите што сум ги убил ќе бидат мои робови.

Нема да ви го откријам моето име бидејќи ќе пробате да ме спречите во собирањето робови за мојот задгробен живот“, гласи пораката од која последните неколку зборови не се дешифрирани до денес.

shifrirani-poraki-najmalku-20-zhrtvi-shto-znaeme-za-zodijak-seriskiot-ubiec-chij-identitet-e-misterija-do-denes-04.jpg

Зодијак продолжува со убиствата и испраќањето писма

Како одговор на барањето на шерифот, Зодијак испратил уште едно писмо на 7-ми август, повторно за локален медиум.

Во ова писмо, тој првпат се нарекува себеси „Зодијак“. Истовремено, тој открил и детали за убиства кои не биле споделени со јавноста, со што донекаде докажал дека е одговорен за нив.

По ова, Зодијак убил уште еден пар, а на нивниот автомобил оставил и порака. Набрзо откако ги убил, самиот се јавил во полиција од говорница и им кажал за убиството. Се разбира, тогаш не успеале да го фатат.

shifrirani-poraki-najmalku-20-zhrtvi-shto-znaeme-za-zodijak-seriskiot-ubiec-chij-identitet-e-misterija-do-denes-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg