Морничавата приказна за Зодијак - еден од најпознатите сериски убијци на сите времиња, кој праќал шифрирани пораки

Последната (позната) жртва на Зодијак

Последната позната жртва на Зодијак е таксист кој бил застрелан и убиен во октомври 1969 година. Набрзо по убиството, Зодијак испратил уште едно писмо до локален медиум заедно со дел од блузата на жртвата како доказ.

Бидејќи тројца тинејџери го виделе Зодијак додека бега од местото на злосторството, биле повикани во полиција и со нивна помош бил направен првиот негов скеч.

shifrirani-poraki-najmalku-20-zhrtvi-shto-znaeme-za-zodijak-seriskiot-ubiec-chij-identitet-e-misterija-do-denes-06.jpg

Во следните неколку години, полицијата испрашала над 2.500 осомничени со надеж дека ќе го фатат убиецот, но залудно.

Дотогаш, Зодијак веќе имал испратено неколку писма и шифрирани пораки. Во овие писма тој зборувал и за други убиства кои уште не се потврдени или не можат да се поврзат со него. 

Зодијак ги испраќал писмата во периодот 1969-1974, а некои од пораките не се дешифрирани и денес.

Едната од нив беше дешифрирана во 2020 година од неколку аматери. Во оваа порака, Зодијак очигледно им се потсмева на експертите:

„Се надевам дека ви е многу забавно додека се обидувате да ме фатите“.

shifrirani-poraki-najmalku-20-zhrtvi-shto-znaeme-za-zodijak-seriskiot-ubiec-chij-identitet-e-misterija-do-denes-07.jpg

Па, кој е всушност Зодијак?

Целиот случај со овој сериски убиец до денес е обвиен со мистерија.

До денес се шпекулира за содржината на последните две пораки од убиецот за кои се верува дека го кријат неговиот идентитет. Проблемот со овие пораки е тоа што се многу кратки, а ова ги први потешки за дешифрирање.

Според некои експерти, Зодијак не престанал со убивање кога престанал да ги испраќа писмата. Некои веруваат дека била активен и во 1980-тите и убил најмалку десет луѓе. Сепак, не сите го делат ова мислење.

Во 1990-тите неколку детективи сметале дека го идентификувале Зодијак. Најпознат осомничен е Артур Леј Ален, учител од Калифорнија. Во 1975 година Артур бил затворен во институција поради сексуален напад врз дете. Ова се поклопува со фактот дека Зодијак престанал со писмата во тој период.

Артур умрел во 1992 година и иако важи за најпознат осомничен, неговата поврзаност со Зодијак сепак не е целосно потврдена.

shifrirani-poraki-najmalku-20-zhrtvi-shto-znaeme-za-zodijak-seriskiot-ubiec-chij-identitet-e-misterija-do-denes-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
„Се вљубив во маж онлајн – братучетка ми се криела зад профилот“: Детали за најдолгата интернет изма... Кират Аси од Лондон девет години мислела дека е во врска со доктор кој го запозн...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg