8 работи од кои Латиноамериканците се изненадени кога ќе ја посетат Европа
Почитување на сообраќајни правила, полупразен јавен превоз, луѓето знаат да зборуваат повеќе јазици – што е тоа што во европските земји е чудно за оние кои живеат во Латинска Америка, а за нас е нормално?
Европа е стар континент кој се разликува многу од останатите, па кога туристи од за првпат го посетуваат, доживуваат вистински културен шок. Сосема очекувано...
Латиноамериканци споделуваат со какви културни разлики се соочуваат во некои од европските земји, што за нив се нереални и неочекувани, а за нас се секојдневие.
Секако, постојат и исклучоци – не значи дека овие работи не постојат во ниту една латиноамериканска држава, ниту пак се случај во секоја европска земја.
Во продолжение листа со работи кои се нормални во Европа, а чудни за Латиноамериканците:
Се почитуваат правила – граѓаните чекаат на семафори, улиците се чисти, а луѓето се љубезни
Луѓето се екстремно точни, посебно во западните земји
Големи се шансите некој да ви врати нешто изгубено или да го најдете каде што е оставено
Архитектурата е воодушевувачка – како да се шетате низ историјата
Луѓето се полиглоти и знаат да зборуваат повеќе јазици, за разлика од Латиноамериканците кои знаат шпански и (едвај) англиски
Жителите на некои од западните земји важат за поладни, за разлика од Латиноамериканците кои се спријателуваат на пат до банка
Возилата за јавен превоз во некои земји се полупразни, а некаде дури е забрането и правење врева, за разлика од латино земјите каде се преполни и нема добра инфраструктура и поврзаност на линии
Медитеранските земји наликуваат на Латинска Америка, но се преполни со музеи и историски споменици
М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com