10 знаци дека можеби вие сте токсичната личност во друштвото
Многу време и енергија трошиме на успешно детектирање на токсичните личности во нашите животи, но колку пати сте се запрашале дали за некого вие сте таа токсична личност?
Важно е да бидете искрени и самокритични, како би се препознале во 10-те очигледни знаци.
Знаци дека сте токсична личност:
1. Луѓето ве избегнуваат или во целост исчезнуваат од вашиот живот, без објаснување.
2. Претерано критикувате и мислите дека сте подобри од останатите.
3. Недоразбирањата гледате да ги заобиколите секогаш кога можете.
4. Никогаш не признавате дека сте згрешиле, ниту се извинувате.
5. За секоја грешка барате друг виновник.
6. Своите ставови ги наметнувате на другите.
7. Склони сте на често лутење.
8. Сите работи ги сфаќате лично.
9. Не ги славите туѓите успеси.
10. Расположението ви се менува нагло и често.
М. Д. | Црнобело