7 докази дека Италија е уникатна земја
Кога зборуваме за Италија, обично мислиме на паста, пица, шопинг и Милано.
Италијанците сепак имаат многу поитнересни, позабавни навики кои вреди да се раскажат.
Како на пример:
1. Носат црвена долна облека за да привлечат среќа.
Посебно оваа традиција е распространета околу Нова година. Носењето на црвена долна облека се верува дека привлекува добра среќа.
2. Фрлаат мебел низ прозорец.
Исто така на Нова година, наместо да ја дополнат шопинг листата и да чекаат ред во супермаркет, Италијанците фрлаат разни тенџерчиња, садови, тавчиња, па дури и мебел низ прозорците. Тоа симболизира дека се ослободуваат од старите работи и почнуваат од почеток.
3. Вечераат доцна.
Италијанците не вечераат во 19 часот, како повеќето луѓе што веруваат, односно дека неколку часа пред спиење мора да се „гладува.“ Луѓето во Италија работат во два интервали и работното време им завршува околу 19 – 19:30 часот, па затоа вечераат многу подоцна.
4. Ги лупат овошките.
Веруваат во здрав начин на живот и исхрана, а пестицидите и прашинките кои се наоѓаат на кората од овошјето избегнуваат да ги внесуваат во себе.
5. Не појадуваат јајца.
Пржените јајца не им се првата опција за појадок. Преферираат сладок појадок, односно житарки, путер кроасани, колачиња, овошје и еспресо.
6. Бројот 17 е несреќен.
Додека 13-ката е несреќна во поголемиот дел од светот, бројот 17 во Италија важи за несреќен. Во повеќето хотели дури и нема да најдете 17-ти кат.
7. Се дотеруваат за до супермаркет.
Ретко кој се дотерува кога оди да си купи леб и млеко. Италијанците се исклучок. Се верува дека независно каде одат, треба да ги следат трендовите и стилот.
М. Д. | Црнобело