Кока Кола - жив билборд
Кока Кола и Светската федерација за заштита на природата, минатата недела во главниот град на Филипини го претставија првиот жив билборд.
Зелените „точки“ распоредени околу шише од популарниот безалкохолен пијалак се направени од илјада стебла чај Фукиен, и распоредени на целата површина на овој необичен билборд, чии димензии се 20x20 метри.
Фукиен чајот потекнува од истоимената провинција во Јужна Кина и претставува една од најчесто користените билки за изработка на аранжмани со бонсаи.
Според соопштението секоја билка од употребените за изработка на билбордот, годишно може да апсорбира 5,9 килограми јаглен диоксид, односно целиот билборд за една година апсорбира 21.200 килограми јаглерод диоксид.
Освен основата која е изработена од билки, и останатите материјали употребени за негова изработка ги задоволуваат барањата на организацијата за заштита на животната средина.
Саксиите во кои се поставени билките се изработени од рециклирани шишиња кока кола наполнети со мешавина од индустриски биопроизводи и органско ѓубриво. Билките се поливаат со посебен систем на принципот капка по капка.