Најосаменото дрво во светот и уште 7 природни светски чуда кои не постојат повеќе

Најосаменото дрво во светот за кое многумина велеа дека е „чудо“ и чии корени продираа 30 метри во земјата до подземен резервоар со вода се наоѓаше среде Сахара, а во 1970-тите беше уништено од камионџија.

najosamenoto-drvo-vo-svetot-i-ushte-6-prirodni-svetski-chuda-koi-ne-postojat-povekje-01.jpg

До денес сме изгубиле многу природни чуда – дел поради суровоста на природата, но повеќето поради нашата немарност.

Ако не станеме повнимателни, дефинитивно ќе изгубиме уште многу вакви чуда и засекогаш ќе го промениме ликот на нашата планета.

Кои природни светски чуда повеќе не постојат?

Глечерот на планината Чакалтаја, Боливија

Глечерот на планината Чакалтаја беше стар можеби 18.000 години. Научниците почнаа да ја следат неговата големина во 1990-тите, кога станало очигледно дека се намалува и тогаш предвидуваа дека ќе „преживее“ до 2015 година.

Тој период глечерот веќе изгубил 60% од неговата големина.

najosamenoto-drvo-vo-svetot-i-ushte-6-prirodni-svetski-chuda-koi-ne-postojat-povekje-02.jpg

И покрај предвидувањата на експертите, глечерот драстично се намали во 2007-ма, за целосно да се стопи во 2009 година.

Причината за неговото исчезнување се климатските промени, односно зголемените температура и влажност на воздухот, како и зачестените врнежи од дожд.

najosamenoto-drvo-vo-svetot-i-ushte-6-prirodni-svetski-chuda-koi-ne-postojat-povekje-03.jpg

„Азурен прозорец“, Малта

Уникатните карпи во Малта, познати и како Азурен прозорец, беа една од главните туристички атракции.

Лакот што го опишуваа карпите од варовник се издигнуваше на височина од 28 метри, а наводно е остаток од пештера која се срушила во 19-тиот век.

najosamenoto-drvo-vo-svetot-i-ushte-6-prirodni-svetski-chuda-koi-ne-postojat-povekje-04.jpg

Но, по голема бура на 8-ми март 2017 година, лакот се сруши.

najosamenoto-drvo-vo-svetot-i-ushte-6-prirodni-svetski-chuda-koi-ne-postojat-povekje-05.jpg

Реката Слимс, Канада

Реката Слимс во Канада ја добиваше својата вода од глечер, а во 2017 година се пресуши во рок од само неколку денови.

Првичната причина за ова е наглото намалување на глечерот, поради што водата од него почнала да тече во друга река, наместо во Слимс.

najosamenoto-drvo-vo-svetot-i-ushte-6-prirodni-svetski-chuda-koi-ne-postojat-povekje-06.jpg

Според некои експерти, ова е првото големо негативно влијание на луѓето врз река поради климатските промени кои самите ги предизвикавме.

Сушењето на реката имаше негативно влијание врз околината, беше причина за смртта на многу риби и ги промени околните езера. Покрај тоа, во областа почнале да се појавуваат песочни бури.

najosamenoto-drvo-vo-svetot-i-ushte-6-prirodni-svetski-chuda-koi-ne-postojat-povekje-07.jpg

Дрвото тунел, Калифорнија

Во Calaveras Big Trees State Park - парк во Калифорнија - имаше дрво старо над 1.000 години преку чие стебло беше направен тунел. Дијаметарот на неговото стебло достигнуваше и до 10 метри.

Од молња и шумски пожар, на стеблото настанала огромна дупка, а во 1880-тите дупката била претворена во тунел.

najosamenoto-drvo-vo-svetot-i-ushte-6-prirodni-svetski-chuda-koi-ne-postojat-povekje-08.jpg

Во 2017 година областа ја зафати силна бура – каква што немало цела деценија – и дрвото беше искорнато.

Експертите сметаат дека поплавата што настанала од бурата, во комбинација со малите корени на дрвото, се причина за неговиот пад.

najosamenoto-drvo-vo-svetot-i-ushte-6-prirodni-svetski-chuda-koi-ne-postojat-povekje-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg