12 комплекси од кои жените треба (веднаш) да се ослободат
Паника „Немажена сум и немам деца на 30 години“.... Кој рече дека има правила кога да стапите во брак и да имате деца? Па, Хали Бери првото дете го роди на 41 година, а второто на 47 (нормално, доколку здравјето ви дозволува). И стоп за стереотипот дека царскиот рез не е вистинско породување.
Жените се оптоваруваат со многу работи и тоа од обликот на носот до мислата дека се престари за да направат одредена работа во животот.
Но, на тоа треба да се стави точка веднаш.
Секоја жена е уникатна приказна, а нејзиниот живот е нејзина работа. Навистина нема потреба од комплекси. Самодоверба и ведрина и светот е наш.
Комплекси од кои жените треба да се ослободат:
„Нетипичен“ физички изглед
Ова е 21-ви век и мора да ги надминеме стереотипите, кој вели дека носот или усните треба да изгледаат на одреден начин?
Мислата „Јас сум престара за тоа“
Никогаш не е доцна ниту за учење да скијате, ниту за промена на професијата. Има жени кои станале модели на пример и на 60 години.
Паника „Немажена сум и немам деца на 30 години“
Кој рече дека има правила кога да стапите во брак и да имате деца? Па, Хали Бери првото дете го роди на 41 година, а второто на 47.
Црвена коса
Изненадувачки, но многу девојчиња се исмевани на училиште поради црвената коса, а всушност токму таква уникатност му е потребна на овој свет.
Витилиго и други кожни заболувања
Ваквите состојби понекогаш предизвикуваат несигурност кај жените, а всушност ги прават уникатни и им даваат посебен шарм.
„Несовршена“ домаќинка
Често жените се преоптоваруваат со обврски од типот готвење, чистење, пречекување гости и забораваат дека е сосема во ред да побараат помош и да не биде сè совршено секогаш.