4 знаци дека сте Кери Бредшо од реалноста

Дали го имате „синдромот на главен лик“? Светот се врти околу вас, а сите останати за вас се само споредни улоги. Проверете преку овие 4 знаци...

4-znaci-deka-ste-keri-bredsho-od-realnosta-01.jpg

Терминот синдром на главен лик се користи за да се опишат луѓето кои мислат дека околу нив се врти светот.

Сите останати за нив се само споредни улоги. Тие секогаш сакаат да се во центарот на вниманието и нивните проблеми и случувања секогаш доаѓаат на прво место.

За таков лик се смета Кери Бредшо од серијата „Sex and the City“.

„Таа е толку опседната со себе, несигурна е и незрела, постојано има потреба другите да се вртат околу неа – па, овие нејзини карактеристики во реалноста ќе направеа да не може да одржи врска со нејзините пријателки“, вели експертот за врски Хана Роузи Је.

4-znaci-deka-ste-keri-bredsho-od-realnosta-04.jpg

Терапевтите велат дека синдромот на главен лик не е ментална дијагноза, туку општ термин кој се користи за да се опишат овој тип на луѓе кои сметаат дека се главниот лик и сите околу нив треба да ги поддржуваат и да веруваат во нивните ставови.

Експертите откриваат 4 клучни знаци за да тестирате дали и вие сте во оваа група:

Сè се врти околу вас и вашите проблеми

Се гледате или замислувате како личноста што сакате да бидете или се преправате дека сами ја водите својата „бајка“.

Не им оставате простор на другите луѓе да се искажат, ниту им нудите каква било емоционална поддршка.

4-znaci-deka-ste-keri-bredsho-od-realnosta-02.jpg

Се претставувате себеси и својот живот како совршени

Давате лажна слика за себе и им „сервирате“ филм на луѓето. Прикажувате дека целиот живот ви е обоен во розово.

И на социјалните мрежи постојано прикачувате фотографии и внимателно ги бирате за да го рефлектираат тоа за кое се претставувате дека сте.

Опасноста е што во контролирањето на таа слика за вас, може од животот да ги отстраните сите луѓе кои противречат на тоа.

4-znaci-deka-ste-keri-bredsho-od-realnosta-05.jpg

Не сте добри во примањето на критики

Не прифаќате ниту критики, ниту шеги на ваша сметка. Не сакате дури ниту совети околу начинот на кој го водите својот живот.

4-znaci-deka-ste-keri-bredsho-od-realnosta-06.jpg

Чувствувате дека немате контрола врз вашето секојдневие, па затоа избирате да глумите главен лик

Вашиот живот е далеку од совршен, па избирате да креирате таква слика за да добиете восхит од другите. Понекогаш дури ги преморувате пријателите со однесувањето.

4-znaci-deka-ste-keri-bredsho-od-realnosta-07.jpg

Но, во синдромот на главен лик има и позитивна работа, а тоа е дека чувствувате дека владеете со својот живот и се чувствувате моќно и самоуверено.

4-znaci-deka-ste-keri-bredsho-od-realnosta-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Сигурни знаци дека некој ве лаже, според ФБИ агент Кои знаци може да ги разоткријат личностите што се обидуваат да ве излажат? На к...
Празен паркинг и уште 6 знаци дека е подобро да го напуштите хотелот, според вработени Прегорените сијалици и прашината во лобито се само дел од ситниците што покажува...
Кои светски ѕвезди се родени во знакот на Близнаци? (фото) Од Анџелина Џоли и Кајли Миног, до принцот Вилијам и оскаровецот Килијан Марфи -...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg