10 знаци дека сте богати

„Одите во салон за мебел и си бирате парчиња што ви се допаѓаат, без да ја гледате цената.“

10-znaci-deka-ste-bogati-01.jpg

Луѓето кои пораснале во богато семејство, може воопшто да не забележат какви привилегии всушност имаат.

Но, кај луѓето од посиромашни или едноставно просечни семејства, тие привилегии се впечатливи и тие на Reddit отворија токму таква тема – односно одговараа на прашањето: „Што поврзувате со богатство, што за вас значи да се биде богат“?

Мислења на луѓе од Reddit за тоа кои се знаците дека една личност е богата:

„Можете да си купите нешто без да се прашувате себеси дали навистина ви треба.“

„Одите во салон за мебел и си бирате парчиња што ви се допаѓаат, без да ја гледате цената.“

„Закажувате редовни стоматолошки прегледи, без да ви биде итен случај поради болка на заб.“

„Не знаете колку пари имате во даден миг.“

„Го полните резервоарот за бензин секогаш до крај.“

Прочитајте и 11 работи кои оддаваат комплекси, а не богатство

10-znaci-deka-ste-bogati-02.jpg

„Купувате автомобил за детето кога полни 18 години.“

„Бирате вистински мермер како материјал за работната површина во кујната.“

„Купувате нов душек, според правилата на колку години треба да се менува душекот, а не кога ќе се уништи.“

„Најмувате помошничка да ви чисти или готви.“

„Ја фрлате старата облека без никакви емоции, без разлика колку скапо сте ја купиле некогаш.“

Се согласувате ли?

Прочитајте и 11 задоволства кои богатите луѓе ги пропуштаат во секојдневието

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
10 знаци дека сте личност со комплексен карактер (и многу луѓе не можат да се справат со вас) Мразите празни разговори и рутина, здодевни ви се и ве нервираат - на „Како си?“...
Сигурни знаци дека некој ве лаже, според ФБИ агент Кои знаци може да ги разоткријат личностите што се обидуваат да ве излажат? На к...
Празен паркинг и уште 6 знаци дека е подобро да го напуштите хотелот, според вработени Прегорените сијалици и прашината во лобито се само дел од ситниците што покажува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg