11 задоволства кои богатите луѓе ги пропуштаат во секојдневието
Задоволство кое го немаат: „Да бидат неверојатно среќни кога ќе си пронајдат заборавена банкнота од 500 денари во џебот од старите фармерки или помеѓу каучот и ѕидот.“
Сте помислиле ли понекогаш како би било да имате огромно богатство, да не морате да работите за плата и да можете да си дозволите апсолутно сè што ќе ви падне на ум?
Животот така изгледа полесен, зарем не?
Сепак, постојат мали слатки задоволства од секојдневието што богатите луѓе ги пропуштаат.
За BuzzFeed луѓе споделуваат кои се тие мали задоволства според нив.
Работи кои богатите луѓе ги испуштаат во секојдневието:
„Да бидат неверојатно среќни кога ќе си пронајдат заборавена банкнота од 500 денари во џебот од старите фармерки или помеѓу каучот и ѕидот.“
„Интензивната поврзаност со семејството кога заедно се борите да опстанете, да платите сметки и притоа станувате тим – вие против светот.“
„Немањето страв дека врските може да се лажни и да се од корист поради богатството и статусот.“
„Возбудата кога ќе си го пронајдете омилениот десерт на акција во маркет.“
„Учењето да си ги направите работите сами, кога не можете да си ги дозволите.“
„Смислувањето креативни кулинарски рецепти со неколку состојки кои моментално ги имате во фрижидерот.“
„Чувството кога ќе го наполните резервоарот на автомобилот со бензин до крај, кога ќе земете плата.“
„Чувството на екстравагантност кога се честите себеси со вечера во некој ексклузивен ресторан или си уплаќате за посакуваното патување.“
„Чувството на сигурност откако ќе си ги платите сите месечни сметки за струја, вода, парно..“
„Ценењето на секоја работа што ја поседувате, затоа што не можете да купите нова и да ја замените во мигот кога ќе посакате.“
„Напливот на креативност кога размислувате за начини како да заработите дополнителен приход.“
С. С. | Црнобело