„Јас сум домаќинка, го чувам бебето, но маж ми вели дека не правам ништо – има тон барања“
„Му реков дека не може да очекува да станувам во 5, откако ја минувам цела ноќ будејќи се со бебето, но тој не се согласи, повторно ми нагласи дека тој го носел лебот дома...“
Една анонимна жена на Reddit се пожали за ситуацијата во нејзиниот дом и побара мислење од останатите дали е во право таа или сопругот.
„Мојот сопруг неодамна пронајде работа и стана тој што „го носи лебот“ дома, како што сака да каже, а јас сум домаќинка. Во минатите неколку денови тој се жали за станувањето наутро и за тоа што не добива појадок.
Ми рече дека јас треба да станувам пред него, во 5 наутро, за да му направам појадок поради тоа што сум домаќинка, односно не одам на работа. Го прашав зошто не може да си направи сам, затоа што е навикнат сè да прави сам.
Тој имаше две поенти: Повеќе не бил невработен и тој „го носел лебот“ дома“, Сега, негова работа била да обезбедува финансии за семејството. Вели дека едвај се подготвува наутро и нема време да си направи појадок.
Му реков дека не може да очекува да станувам во 5, откако ја минувам цела ноќ будејќи се со бебето. Потоа го потсетив и што правам во текот на денот затоа што и тоа е работа и тоа тешка.
Сепак, сопругот не се согласи.
Се караше со мене дека е нефер што сам треба да си приготвува појадок пред работа, а тоа всушност било моја обврска. Му реков дека ме искористува затоа што е способен сам да си направи и ќе има време ако не губи на телефон читајќи утрински вести или седејќи во тоалет долго.
Повторно ми нагласи дека тој ги носи парите и дека од сега нема воопшто да појадува. Ми рече дека сум нефер и дека не му давам поддршка кога почнува нова работа.“
По објавата на жената, корисниците на Reddit коментираа:
„Тој треба да порасне и да започне сам да се грижи за себе.“
„Твојот сопруг е разгален и смешен.“
„Мојата сопруга е домаќинка долго време, ги чува децата и никогаш не сум побарал нешто вакво од неа.“
Кој е вашиот став?
С. С. | Црнобело