Продукти кои се безбедни за користење, дури и откако ќе им помине рокот

Крајниот рок на употреба, односно истекување, не би требало да е пресуден фактор за продуктите на оваа листа.

produkti-koi-se-bezbedni-za-koristenje-duri-i-otkako-ke-im-pomine-rokot-001.jpg

Ако ги чувате на суво место, далеку од влага или сончева светлина, овие продукти се безбедни дури и кога рокот на амбалажта го кажува спротивното:

1. СПФ фактор за сончање

Кремите за сончање може да издржат и до 2 години, односно 2 сезони, ако ги чувате во оригиналната амбалажа. Сепак, ако стои отворен долго, не ризикувајте.

produkti-koi-se-bezbedni-za-koristenje-duri-i-otkako-ke-im-pomine-rokot-01.jpeg

2. Влошки и тампони

Нивниот реален рок на употреба се продолжува и до 5 години, ако не апсорбираат влажност. Затоа, избегнувајте да ги чувате во тоалетот.

produkti-koi-se-bezbedni-za-koristenje-duri-i-otkako-ke-im-pomine-rokot-02.jpg

3. Сенки за очи

Експертите велат дека сенките за очи имаат рок со години, без да ја иритираат кожата. Она на што треба да внимавате е чистотата на четките со кои ги нанесувате. Но, зависи од производот, па ако чувствувате непријатност на очите, отстранете ја сенката и не ја користете.

produkti-koi-se-bezbedni-za-koristenje-duri-i-otkako-ke-im-pomine-rokot-03.jpg

4. Јајца

Јајцата се свежи 3 до 5 недели од купувањето, односно од втиснатиот датум на амбалажата. Само треба да ги чувате на темно место во фрижидерот.

produkti-koi-se-bezbedni-za-koristenje-duri-i-otkako-ke-im-pomine-rokot-04.jpg

5. Чоколадо

Ако го чувате на темно, суво место и на не повеќе од 20 степени, чоколадото може да издржи со недели.

produkti-koi-se-bezbedni-za-koristenje-duri-i-otkako-ke-im-pomine-rokot-05.jpg

6. Чипс

Чипсот не е најздрав, но неговиот рок на траење е исклучително долг, токму поради високото количество на сол. Без проблем може да издржи 2 до 3 месеци, на суво и темно место.

produkti-koi-se-bezbedni-za-koristenje-duri-i-otkako-ke-im-pomine-rokot-06.jpg

7. Сенф

Сенфот останува свеж и добар за употреба цела година откако ќе го отворите пакувањето. Но, најдобро е да ги проверите формата и мирисот.

produkti-koi-se-bezbedni-za-koristenje-duri-i-otkako-ke-im-pomine-rokot-07.jpg

8. Зачини

Зачините нема да ги изгубат своите дејства и ароми дури 2-3 години по купувањето. Важно е само да не апсорбираат влажност и топлина.

produkti-koi-se-bezbedni-za-koristenje-duri-i-otkako-ke-im-pomine-rokot-08.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg