Строгите правила на кралските венчавки што гостите најчесто ги прекршуваат
Хулахопките се задолжителни, сите гости треба да се запознати со британскиот бон-тон за на маса и никој не смее да носи бела облека освен невестата и девериците.
Штом станува збор за настан поврзан со британското кралско семејство, јасно е дека има многу правила и протоколи. Ова особено важи за кралските венчавки.
Покрај бројните правила што мораат да ги следат членовите на семејството, кога има кралска венчавка, и гостите треба да се водат според некои прописи. Но, сè почесто овие правила се прекршуваат.
Погледнете ги строгите правила на кралските венчавки што гостите често ги прекршуваат:
Фустаните мораат да бидат до колената
Кралските венчавки почнуваат уште рано наутро и церемонијата обично се одвива во текот на денот, па од гостите се бара да не носат долги свечени фустани.
Од друга страна, жените треба да внимаваат и да не покажат многу кожа. Односно, ако се одлучат за фустан или здолниште, тие мораат да бидат со должина до колената.
Мажите треба да носат униформа, костум или фрак
Ако мажите имаат воена униформа, се очекува да го носат тоа. Ако не, можат да носат костум, односно панталони и сако, или фрак.
Мажите треба да внимаваат и на боите – можат да носат црна, сина или сива боја, а ако сакаат можат да носат и шамивче во џебот на сакото.
Жените мораат да носат шапки
Шапките и шеширите на жените се еден од највпечатливите детали на кралските венчавки.
Нo, ова правило често сe прекршува, дури и од жените со благородничко потекло. На пример, принцезата Беатрис не носеше шапка на венчавката на Меган и Хари, туку украс кој наликуваше на венче.
Белата и крем бојата можат да ги носат само невестата и нејзините деверици
Белата боја и крем тоновите се забранети за гостите, бидејќи ова се боите што ги носат невестата и нејзините деверици.
Жените не треба да носат сандали, отворени чевли или штикли со платформа
Жените можат да носат ниски чевли, но не и сандали. Кога станува збор за штикли, сандалите се повторно забранети. Покрај тоа, чевлите не треба да имаат голема платформа, ниту да бидат отворени.