6 правила кои мора да ги почитувате ако сакате да бидете вистинска дама
„Дамите имаат манири и покажуваат почит кон сите. Токму добрите манири покажуваат стил и класа. Тоа нема врска со парите...“
Ана Беј е инфлуенсерка која живее во Лондон, а родена е во Шведска, и дава упатства како треба да се однесуваат вистинските дами.
Таа смета дека жените треба постојано да работат на подобрување на себеси и дека треба многу да внимаваат на однесувањето.
Правила кои Ана вели дека секоја дама треба да ги почитува:
Никогаш немојте да бидете очајни за внимание
„Дамите не се очајни – тие никогаш не трчаат по мажите, а тоа важи и за сите други аспекти од животот и тоа во поглед на познаници, пријатели, колеги. Тие имаат строго поставени граници и свесни се за својата вредност“, вели Ана.
Секогаш бидете културни и полни со почит
„Дамите имаат манири и покажуваат почит кон сите. Токму добрите манири покажуваат стил и класа. Тоа нема врска со парите, не сите богати луѓе го имаат тоа. Важно е како ги третирате другите и дали сте полни со емпатија.“
Избегнувајте конфликти и драматични ситуации
„Жените кои постојано водат некакви битки, се караат, имаат проблеми со други луѓе не се дами. Токму овие драматични ситуации ја покажуваат нивната несигурност и проблемите кои ги имаат со себе и околината. Дамите не дека не се караат никогаш, туку внимателно ги избираат своите битки.“
Не бидете љубоморни на другите
„Постојат два типа на љубомора, едниот е онаква мала, невина, позитивна љубомора, која ве мотивира да работите повеќе и да бидете подобри и другата е љубомора која ве исполнува со завист и неубави емоции. Дамите никогаш не го чувствуваат овој втор тип на љубомора, тие се инспирирани од туѓите успеси и знаат дека во животот сè е возможно.“
Избегнувајте неубави зборови и комуницирајте јасно
„Дамите користат литературен јазик, без жаргон и пцовки. Говорат одмерено, ја разбираат темата за која зборуваат и не врескаат, знаат дека токму тоа е симбол на немоќ и проблеми. Активно ги слушаат луѓето и го почитуваат сечие мислење.“
Никогаш не им судете на луѓето
„Ако ја славиме својата уникатност, тогаш треба да ја славиме и уникатноста на другите луѓе, односно да ги прифатиме нивните различности. Дамите никогаш не потценуваат некој затоа што е поинаков, туку имаат отворен ум и го прифаќаат секој. Исто така, не сметаат дека се супериорни и не се наметнуваат. Знаат дека во својот круг на пријатели треба да имаат различен тип на луѓе“, вели Ана.
С. С. | Црнобело