Во Виетнам нема никакви прослави и уште 7 држави со интересни роденденски обичаи и традиции

Повеќето од нас едвај чекаме да ни дојде роденден. Овој ден е само наш, сите ни честитаат и се однесуваат добро со нас, а голема е веројатноста и да добиеме некој подарок, особено ако сме организирале прослава.

vo-vietnam-nema-nikakvi-proslavi-i-ushte-7-drzhavi-so-interesni-rodendenski-obichai-i-tradicii-01.jpg

Но и покрај тоа што сите луѓе на светот имаат роденден, традициите и обичаите за нивното прославување се многу различни – на некои места не се ни прославува.

Погледнете како се прославуваат родендените во осум држави ширум светот:

Германија

Никогаш немојте да честитате роденден или да давате роденденски подароци некој ден порано – во Германија се верува дека ова носи лоша среќа.

Ако, пак, бидете поканети на роденденска забава, слично како кај нас, славеникот мора да плати за сè.

Во Германија постојат и неколку забавни роденденски традиции што останале од порано. Ако некој наполни 16 години, може да очекува пријателите да му истурат брашно врз главата. 

А, ако славеникот полни 30 години и не е во брак, пријателите можат да го натераат да чисти некое јавно место. Ова го практикуваат само мажите и наводно целта е за славеникот да се покаже како „домаќин“ за полесно да си најде партнерка.

vo-vietnam-nema-nikakvi-proslavi-i-ushte-7-drzhavi-so-interesni-rodendenski-obichai-i-tradicii-02.JPG

Кина

Кога станува збор за родендени, во Кина најинтересен е начинот на којшто ги бројат годините. Кога таму ќе се роди дете, на денот на раѓањето се смета дека тоа има една година. Кога полни една година, таму се смета за втора.

Овде има и интересна традиција според која се одредува иднината или судбината на детето. На вториот роденден (или по наше првиот) околу бебето се ставаат разни предмети како пари, музички инструмент, пенкало… Според верувањата, предметот што ќе го одбере детето ја означува неговата професија и неговиот живот во иднина.

За разлика од Германија, во Кина можете да го прославите роденденот порано, но никако откако ќе ви помине – ова се смета за лоша среќа.

vo-vietnam-nema-nikakvi-proslavi-i-ushte-7-drzhavi-so-interesni-rodendenski-obichai-i-tradicii-03.JPG

Австралија

Роденденските прослави во Австралија се многу слични со нашите, но наместо тортата, многу поважен е десертот познат како fairy bread. Ова е всушност парче леб премачкано со путер и наросено со шарени трошки.

Во Австрлија верува дека кога личноста ќе наполни 21 година станува возрасна, па овој роденден е многу важен и скоро сите добиваат вредни подароци, неретко автомобили и куќи.

vo-vietnam-nema-nikakvi-proslavi-i-ushte-7-drzhavi-so-interesni-rodendenski-obichai-i-tradicii-04.JPG

Холандија

Холанѓаните ги сакаат роденденските подароци, но никако не смеете да им подарите пари. Ова го сметаат за неучтиво.

Истовремено, кога некој слави роденден, ќе треба да им честитате и на родителите, партнерот, роднините… односно сите присутни од семејството. Сепак, тоа е и прослава за нив.

vo-vietnam-nema-nikakvi-proslavi-i-ushte-7-drzhavi-so-interesni-rodendenski-obichai-i-tradicii-05.JPG

Франција

Освен ако не станува збор за важен роденден, како 18-ти или 100-ти, Французите ја прескокнуваат роденденската торта и прославуваат со „пообичен“ десерт.

Роденденските забави за деца најчесто се организираат во среда или сабота попладне. Сепак, бидејќи сабота е најчесто семеен ден, повеќето забави се организираат во среда.

На овие прослави нема многу храна, туку само нешто за мезење, а родителите не присуствуваат на нив. Освен, се разбира, родителите на славеникот.

vo-vietnam-nema-nikakvi-proslavi-i-ushte-7-drzhavi-so-interesni-rodendenski-obichai-i-tradicii-06.JPG

Мексико

Во Мексико постои верување дека личноста која прва ќе добие парче торта од славеникот може да ја следи несреќа.

Кога, пак, на славеникот ќе му ја испеат роденденската песна, тој не си сече парче, туку треба да гризне од целата торта.

На мексиканските прослави доста популарна е и таканаречената пињата – кутија, најчесто во форма на животно или некој популарен лик, полна со чоколатца и бонбони која се закачува на нешто.

Потоа на славеникот му се врзуваат очите и тој со стап треба да ја удри за да ги „ослободи“ слатките.

vo-vietnam-nema-nikakvi-proslavi-i-ushte-7-drzhavi-so-interesni-rodendenski-obichai-i-tradicii-7.JPG

Јамајка

Ако ви е роденден во Јамајка, подгответе се да ви фрлат брашно во лицето. Брашното најчесто го фрлаат за време на прославата, но неретко пријателите и семејствата сакаат да ги изненадат славениците и да ги посипат неочекувано.

vo-vietnam-nema-nikakvi-proslavi-i-ushte-7-drzhavi-so-interesni-rodendenski-obichai-i-tradicii-08.JPG

Виетнам

Роденденските прослави во Виетнам се вистинска реткост. Жителите не се многу заинтересирани за нивните датуми на раѓање и обично сите прослави ги прославуваат на нивниот празник Тет, кој се празнува околу Нова година.

vo-vietnam-nema-nikakvi-proslavi-i-ushte-7-drzhavi-so-interesni-rodendenski-obichai-i-tradicii-09.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Лоши навики со кои ги оттргнувате луѓето од вас (и ќе останете без пријатели) Откажувате планови во последен момент, ги бомбардирате со пораки, ги прекинувате...
Како да препознаете оригинален Victoria’s Secret спреј за тело и уште 5 други производи? Дали знаете како да препознаете дали парфемот што го купувате е оригинален или д...
Најлудите работи што можете да ги сретнете во супермаркет во Кина Месо од крокодил, но и бесплатен автобуски превоз до вашиот дом – што можете да ...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg