Водич: Како оптимистично да ги започнете есенските денови и обврски?
Летото кое толку многу го чекавме – заврши. Сега се подготвуваме за нешто пониски температури, дождливи денови и помалку сонце, што може сериозно да го наруши доброто расположение.
Ова е еден краток водич кој ќе ви помогне како со оптимизам да ја дочекате новата, малку потмурна сезона и како да им се вратите на обврските без жалење:
Начини да се разведрите во тмурните, дождливи денови:
1. Носете жолта облека, дури и кога нема сонце.
2. Јадете портокали, бидејќи го подобруваат расположението.
3. Носете весели, гумени чизми во боја.
4. Уживајте во топлината на домот и не се форсирајте да излегувате по секоја цена.
Продолжете да вежбате и кога есента ќе настапи.
Денес немам време, договорив кафе со другар/ка, не сум расположен/а и слични изговори нека не ви преминуваат во навика.
Временските прилики пак, уште помалку треба да ви се причина за жалење и одложување на секојдневните обврски. Организмот може да се прилагоди на сите временски услови.
Едноличноста од практикувањето на фитнес во домот може да биде дополнителна демотивација, затоа излезете на отворено.
Физички прилагодете се за есен:
1. Направете пилинг од глава до пети. А, потоа, хидрирајте го телото со млеко кое мириса прекрасно.
2. Кога нанесувате производи, не брзајте. Масирајте ја кожата и уживајте во мирисот.
3. Најмалку еднаш неделно нанесете маска на лицето.
4. Купете си балсами за усни кои мирисаат на чоколадо, кокос, ванила и редовно нанесувајте ги.
5. Започнете со секојдневно мачкање на рацете, за да избегнете болни пукнатини во зима.
Како да си помогнете полесно да преминете преку промените кои сакате да ги направите оваа есен?
- Почнете со мали промени. На тој начин ќе дојдете до големите.
- Ментално префрлете се на новата ситуација и максимално уживајте во новите состојби, ситуации и моменти.
- Кога процесот на промени ви е премногу стресен, на ливче запишете ги добрите работи кои промените ќе ви ги донесат. Нека ви служи како потсетник.
- Не очекувајте да ги предвидите сите детали. Така ќе избегнете големи количини на збунетост, вознемиреност и анксиозност.
- Не мора да правите сè сами. Побарајте друштво, совет, помош...
- Дајте си време и не си поставувајте строги рокови. Бидете нежни со себе.
М. Д. | Црнобело