Одење на пат со куп ЦД-а - Работи кои помладите генерации никогаш нема да ги разберат и искусат

Договарање дружба без интернет, трескање на слушалката од телефонот кога соговорникот ќе ве изнервира, одење на патување со цел куп ЦД-а - некои работи никогаш нема да им бидат јасни на помладите генерации.

treskanje-na-slushalkata-od-telefonot-vozrasni-lugje-spodeluvaat-koi-raboti-pomladite-generacii-nikogash-nema-da-gi-razberat-i-iskusat-01.jpg

Ако ѝ припаѓате на генерацијата милениумци или некоја постара, тогаш самите ги доживеавте драстичните промени што ги претрпе целиот свет.

Само во последниве десетина години нашите животи се променија до тој степен, што ни се чини дека во 2000-тите сме живееле во некој друг универзум.

Но, помладите генерации не беа сведоци на ова не толку далечно минато и многу нешта што нам ни биле нормални за нив се навистина чудни.

Најдобар пример за ова е интернетот – младите денес не можат ни да си го замислат светот без оваа технологија.

На Редит се отвори и цела дискусија на оваа тема, каде што форумџиите ги споделуваат работите што денешните млади генерации дефинитивно не би ги разбрале.

Во продолжение дел од најдобрите објави на тема „работи што денешните млади не ги разбираат“:

„Правење планови за дружба со пријателите без интернет и телефони за да ги прашате до каде се, дали ќе се задржат и дали воопшто ќе дојдат“.

„Фотографирање и чекање неколку денови за да ги видите фотографиите, за на крај да сфатите дека нечиј палец го покрил објективот“.

„Одење на патување со многу ЦД-а со музика“.

„Премотување на касетата кога сакате повторно да изгледате нешто“.

treskanje-na-slushalkata-od-telefonot-vozrasni-lugje-spodeluvaat-koi-raboti-pomladite-generacii-nikogash-nema-da-gi-razberat-i-iskusat-02.JPG

„Родителите не знаеја каде им се децата и само им веруваа дека нема да западнат во неволја“.

„Како да се снајдете на ново место без навигација“.

„Можевме да бидеме најголемите идиоти без да се плашиме дека некој ќе нè снима/фотографира и објави на интернет“.

„Трескање на слушалката од телефонот кога ќе ве изнервира некој. Притискањето на црвеното копче на смартфоните не е ни приближно драматично и интересно“.

treskanje-na-slushalkata-od-telefonot-vozrasni-lugje-spodeluvaat-koi-raboti-pomladite-generacii-nikogash-nema-da-gi-razberat-i-iskusat-03.JPG

„Убавината на тоа вистински да бидете недостапни и да се оддалечите од светот“.

„Фрустрацијата кога ќе се заплетка лентата на касетата“.

„Не можевме да изгледаме цела серија наеднаш, освен ако не ја снимавме секоја епизода од телевизорот на касета“.

„Не можевме во секој миг да го изгугламе одговорот на некое прашање“.

treskanje-na-slushalkata-od-telefonot-vozrasni-lugje-spodeluvaat-koi-raboti-pomladite-generacii-nikogash-nema-da-gi-razberat-i-iskusat-04.JPG

„Не можевме да гледаме што сакаме и кога сакаме. Ја гледавме програмата во весници за да знаеме што ќе се емитува на телевизија“.

„Никогаш не знаевме кој се јавува! Дали е симпатијата? Баба ти? Некој што продава нешто?“

„Чекавме да дојде понеделник за да можеме да им кажеме на другарите на училиште што сè ни се случило за време на викендот“.

„Пишување пораки на старите телефони со тастатура само со бројки“.

treskanje-na-slushalkata-od-telefonot-vozrasni-lugje-spodeluvaat-koi-raboti-pomladite-generacii-nikogash-nema-da-gi-razberat-i-iskusat-05.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg