Девојка открива 14 работи кои не смеете да ги правите во Јапонија

Кога станува збор за култура, бон-тон и слично, ретко кој може да се спореди со луѓето во Јапонија. Тамошните жители секогаш ги почитуваат другите и сите следат некои непишани правила на кои ние не ни помислуваме, но кога ќе ги слушнеме, сфаќаме дека се одлични.

ne-go-zafakjajte-cel-eskalator-ne-se-cenkajte-devojka-otkriva-koi-raboti-nikako-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-japonija-01.jpg

Поради овие правила, во Јапонија треба да бидете особено внимателни со однесувањето и важно е секогаш да ги земете предвид и луѓето околу вас.

Бидејќи, реално, тешко да се запомнат толку многу правила, тиктокеркта Тина решила да ги сподели оние најпопуларните.

На нејзиниот ТикТок профил, Тина објавува видеа на кои објаснуваа кои работи не смеете да ги правите во Јапонија.

@hangrybynature

The last one needs to be universal ##travels ##etiquette ##japaneseculture ##japanthings

♬ original sound - hangrybynature

Од ценкање и пиење кафе на улица, па сè до зборување на телефон во јавен превоз, погледнете дел од правилата што ги сподели Тина:

- Немојте да пробувате облека во продавница без да го покриете лицето. Вака нема да ја извалкате облеката со шминка.

ne-go-zafakjajte-cel-eskalator-ne-se-cenkajte-devojka-otkriva-koi-raboti-nikako-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-japonija-02.JPG

- Внимавајте каде стоите на ескалаторот. Ако не се брзате, застанете на левата страна и оставете простор за да поминат оние кои се во брзање.

ne-go-zafakjajte-cel-eskalator-ne-se-cenkajte-devojka-otkriva-koi-raboti-nikako-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-japonija-03.JPG

- Немојте да ја отворате вратата од таксито. Јапонците „живеат“ во 3020 година и вратите се отвораат автоматски.

ne-go-zafakjajte-cel-eskalator-ne-se-cenkajte-devojka-otkriva-koi-raboti-nikako-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-japonija-04.JPG

- Немојте да оставате чанта или ранец на седиштето во јавен превоз. Ова треба да важи во сите држави.

ne-go-zafakjajte-cel-eskalator-ne-se-cenkajte-devojka-otkriva-koi-raboti-nikako-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-japonija-05.JPG

- Не влегувајте во соблекувална со чевли. Соблечете ги за да не ја извалкате.

ne-go-zafakjajte-cel-eskalator-ne-se-cenkajte-devojka-otkriva-koi-raboti-nikako-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-japonija-06.JPG

- Немојте да јадете или пиете додека одите по улица. Ова важи и за пиење кафе. Другите сигурно ќе ве гледаат со осудување.

ne-go-zafakjajte-cel-eskalator-ne-se-cenkajte-devojka-otkriva-koi-raboti-nikako-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-japonija-07.JPG

- Немојте да го дувате носот во јавност. Ова е недолично однесување и по малку гадно. Подобро влезете во некој тоалет.

ne-go-zafakjajte-cel-eskalator-ne-se-cenkajte-devojka-otkriva-koi-raboti-nikako-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-japonija-08.JPG

- Не зборувајте на телефон во јавен превоз. Другите ќе ве гледаат со осудување.

ne-go-zafakjajte-cel-eskalator-ne-se-cenkajte-devojka-otkriva-koi-raboti-nikako-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-japonija-09.JPG

- Немојте да го носите ранецот на грб во јавен превоз. Никој не сака да има ранец во лицето.

ne-go-zafakjajte-cel-eskalator-ne-se-cenkajte-devojka-otkriva-koi-raboti-nikako-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-japonija-10.JPG

- Немојте да ги гмечите и премногу да ги допирате свежите продукти во супермаркет. Верувајте, секогаш ги изложуваат најдобрите, па само земете го она што ви треба и заминете.

ne-go-zafakjajte-cel-eskalator-ne-se-cenkajte-devojka-otkriva-koi-raboti-nikako-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-japonija-11.JPG

- Немојте да разменувате нежности со партнерот на јавно место. Зачувајте го тоа за дома.

ne-go-zafakjajte-cel-eskalator-ne-se-cenkajte-devojka-otkriva-koi-raboti-nikako-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-japonija-12.JPG

- Немојте да се ценкате. Овде не е како во други азиски држави. Во Јапонија цените се скоро секогаш реални.

ne-go-zafakjajte-cel-eskalator-ne-se-cenkajte-devojka-otkriva-koi-raboti-nikako-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-japonija-13.JPG

- Немојте да им давате пари на касиерите во рака. Ставете ги во послужавникот наменет за тоа.

ne-go-zafakjajte-cel-eskalator-ne-se-cenkajte-devojka-otkriva-koi-raboti-nikako-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-japonija-14.JPG

- Не влегувајте боси во тоалет, ниту со влечките што ги носите низ домот. Облечете влечки кои се само за во тоалет.

ne-go-zafakjajte-cel-eskalator-ne-se-cenkajte-devojka-otkriva-koi-raboti-nikako-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-japonija-15.JPG

Извор

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Бон-тон правила за на маса и во ресторан што треба да ги знаат сите Ако ве поканат на гости, не останувајте долго откако ќе завршите со јадење, а ак...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg