14 непишани правила кои секоја културна личност треба да ги почитува
Гасите од полнач туѓ телефон за да го ставите вашиот, менувате ТВ канал без да прашате, зборувате на телефон додека другите гледаат филм – кои навики оставаат впечаток на некултурна личност?
За многу работи во животот се водиме според правила, а иако некогаш е во ред да се прекрши некое правило, кога станува збор за културата и манирите, треба да се држиме до бонтонот.
Како што се менува времето во кое живееме, така се појавуваат и нови непишани правила кои треба да ги почитуваме за да оставиме впечаток на културна личност.
Иако веројатно повеќето од нив ги знаете, или ве нервираат кога некој друг ги прави, сепак е добро да постои листа на која секогаш ќе може да се потсетите со цел никогаш да не ги направите или повторите.
Навики и однесувања кои оставаат впечаток на некултурна личност:
Вадите од полнач туѓ телефон за да го ставите вашиот, без прашање
Менувате ТВ канал без да прашате дали некој ја гледа програмата
Ги будите сите во домот со звукот на алармот
Читате со светло навечер додека другите спијат
Ја менувате температурата во домот, без да се консултирате со другите
Зборувате на телефон додека другите гледаат филм
Фрлате нечисти алишта насекаде
Уште 7 грешки на следната страна...
Би можело да ве интересира:





