7 сведоштва за реинкарнација: Деца кои се сеќаваат на своите претходни животи
Реинкарнација е вид на верување во кое починатото лице или животно усвојува едно или повеќе постоечки материјални тела, односно таканаречениот дух повторно „се раѓа“ во друго тело.
Ова одамна присутно верување може да се види особено во азиските религии како што се хиндуизмот, будизмот и таоизмот.
Ширум целиот свет со години наназад се појавуваат сѐ повеќе и повеќе сведоштва за искуствата на душата по смртта на телото.
Познато е дека децата имаат живописна имагинација. Но, како можеме да знаеме дали тие измислуваат приказни или навистина се работи за реинкарнација на некој што живеел многу години пред нас?
Во продолжение за вас издвоивме 7 сведоштва на деца кои тврдат дека наводно во минатото живееле друг живот:
Гус Ортега
На само 18 месеци, ова мало момче почнало да изговара зборови типични за неговиот дедо, иако никогаш претходно не го сретнал.
Не знаејќи апсолутно ништо за неговиот живот, Гус тврдел дека неговиот дедо поседувал продавница што подоцна ја продал.
Исто така, едно попладне додека со семејството гледале стари фотографии, Гус на една од нив го препознал својот дедо и проговорил: „О, па тоа сум јас!“
Само неколку минути подоцна, момчето му пришло на својот татко и му рекло: „Кога бев на твоја возраст, сам ги менував твоите пелени!“.
Семих Тустусмус
Младото турско момче тврдело дека неговото вистинско име е Селим Фесли, човек кој починал пред 50 години во соседната куќа.
Кога Тустусмус имал четири години, отишол во куќата во која живеел Селим за да разговара со неговата вдовица, со која точно се присетиле на детали од минатиот живот.
Лукас
Доста интригирачки е случајот за момчето од Синсинати (САД) кое се сетило на претходниот живот во Чикаго. Според него, темна жена со коса во црна боја, починала во пожар кога се обидела да скокне низ прозорецот.
Се чини дека момчето е во право, бидејќи во 1993 година, Афроамериканка загинала во пожар во Чикаго, додека се обидувала да скокне од прозорецот.
Лукас тврдел дека неговиот прекар бил Пам, а во истиот пожар бил починат човек по име Памел.
Дилукшу Нисанка
Станува збор за еден од најконтроверзните случаи за паметење. Малото девојче постојано повторувало дека нејзините наводни биолошки родители не се вистинските и дека таа починала во близина на Дамбула, удавена во реката.
Нејзината приказна била објавена во весник и за многу брзо време човек по име Ранатунга се огласил дека всушност приказната се поклопува со судбината на неговата мртва ќерка.
Тие двајца се сретнале, а девојчето се однесувало како одамна да го познава нејзиниот можен, „поранешен“ татко.
Шанктар
Штом ги научил своите први зборови, малиот Шанктар почнал да се одликува со чудно однесување.
Тој тврдел дека живее во стара куќа и ја открил локацијата за подоцна да пронајдат идентична, напуштена куќа на крајот од градот.
За да биде уште помистично, момчето од раѓање покажало еден вид лузна на вратот и зборувало за тоа како му ја отсекле главата пред неколку месеци.
На крајот, истата приказна се совпаднала со приказната за Муна, момчето кое било киднапирано и обезглавено од неговите киднапери пред нецели шест месеци во тој период.
Иан Хагердон
Иан на своја 6-годишна возраст тврдел дека бил полицаец кој бил убиен на должност, обидувајќи се да фати неколку криминалци кои ограбувале продавница.
Интересно, овој полицаец всушност бил неговиот дедо.
Иан неретко изговарал негови изјави од типот на: „Кога бевте мали ти и брат ти бевте такви неранимајковци, но никогаш не кренав рака на вас“.
Буда
18-годишно момче ги изненадило сите покажувајќи ги квалитетите и особините препишани на големиот Буда. Еден ден тој одлучил да седне и да медитира во шуплината на дрвото.
Колку и да изгледало неверојатно и надреално, тој таму останал вкупно 10 месеци без да се помрдне, да јаде или пак да се напие нешто.
Не можеме да знаеме дали овие приказни се вистинити, но дефинитивно се интересни за споделување. Што мислите вие на оваа тема?
Мила М. | Црнобело