Слеани фото-портрети кои се чист доказ колку гените умеат да направат чудо
Kолкупати досега сте слушнале: „Изгледаш исто како твојот брат“ или пак: „Со мајка ти сте чиста копија“?!
Не залудно рекле дека гените прават чуда, односно тие претставуваат таканаречени пренесувачи на податоци од родителите на нивните деца, без разлика дали станува збор за формата на телото, карактерот, крвната група, бојата на коса итн.
Канадскиот фотограф Улрик Колет решил да ја потврди оваа теорија. Тој собирал фотографии од повеќе луѓе и од нивните најблиски роднини со цел да ги спореди, односно да ги пронајде нивните сличности во изгледот.
Неговата серија на комбинации од две лица во едно била именувана како „Генетски портрети“ и се здобила со екстремна популарност меѓу врвните оценети семејни фотографи и признаени автори.
Во продолжение издвојуваме низа од неговите ремек-дела кои навистина ќе ве остават без зборови:
Баба и внука: 61 и 12 години
Сестри: 15 и 16 години
Син и татко: 7 и 29 години
Близначки: 20 години
Сестра и брат: 20 и 25 години
Ќерка и татко: 10 и 32 години
Сестри: 24 и 30 години
Мајка и ќерка: 57 и 32 години
Татко и син: 53 и 28 години
Ќерка и мајка: 35 и 64 години
Сестри: 19 и 16 години
Мајка и ќерка: 61 и 32 години
Мила М. | Црнобело