Филмови на кои плачат и мажи

filmovi-na-koi-placat-i-mazi-povekjeПознато е дека девојките сакаат да гледаат филмови со романтични приказни, тажен крај или пак некој филм кој “би ги погодил во срце“. Сами или пак...


...со другарките, оние поромантичните и со момчето, а не е мал и бројот на момчиња кои пуштиле по некоја солза на овие филмови.

Еве ви неколку предлози кои ќе ви го разнежнат срцето и ќе ги задоволат вашите критериуми за ваков тип на филмови. Уживајте, подгответе ги хартиените марамчиња до вас и слободно оставете по некој ваш предлог.

1. A Walk to Remember

Адаптирана приказна од Николас Спаркс, инаку мајстор за такви книги. Средношколска романтична сторија која нема да ве остави рамнодушни.

2. The Notebook

Уште едно дело на легендарниот Николас Спаркс, потресна љубовна приказна која нè учи дека некои љубови траат вечно...

3. Seven Pounds

Колку чини човечкиот живот? Колку чинат гревовите кои ги правиме во животот? Можеме ли на некој начин да се искупиме?? Прекрасна сторија со феноменално одиграната улога на Вил Смит.

4. Remember Me

Еден од поновите филмови, со миленикот на женската публика, познат како Едвард Кулен од Твајлат. Потресна драма за љубовта и семејните проблеми.

5. Hatchi: A Dog's Tale

Мислите дека сте твродокрни и дека нема шанса да пуштите солза на филм? Хачико ќе ви го докаже спротивното, иако во главна улога е едно преслатко кученце. Колку може да сакаат кучињата и да се приврзат за својот газда? Видете во овој филм.

6. Everybody's Fine

Одлична екипа на добропознати глумци, тажна приказна за еден татко и неговиот однос со децата. Дали е сè така добро како што изгледа?

7. Feast of Love

Спој на неколку приказни, судбини на повеќе луѓе кои се на ваков, или онаков начин поврзани. Една од главните улоги е на легендарниот Морган Фримен.

8. Charlie St. Cloud

Уште еден од поновите филмови, со уште еден нов миленик на женската публика. Филмот почнува наивно, но како што се развива приказната ја добива тежината да се најде во оваа група на филмови.

9. If Only

Што би направиле ако ја/го изгубите саканата/саканиот? Дали би пробале на секој начин да го вратите назад?

10. My Sisters Keeper

Еден од најтажните филмови дефинитивно. Колку е голема сестринската љубов, на што сè се спремни да одат родителите, ризикувајќи еден детски живот за да спасат друг...

11. The Last Song

Иако доста озборувана и веќе префорсирана во јавноста, Мајли Сајрус во овој филм се докажа како одлична актерка и успешно ја долови улогата на девојка растргната меѓу љубовта, музиката и помагањето на својот татко.

12. "P.S. I Love You"

Многу кои ја прочитале книгата, немаат баш позитивни критики за филмот, но сепак вреди да се погледне.

13. Love Actually

Еден од оние филмови на кои се плаче од среќа. Ако не сте го погледнале до сега, сторете го тоа веднаш. Лани направија бледа копија на филмов - Валентајн Деј, кој за жал нималку не може да се спореди со овој.

14. Pearl Harbor

Љубовен триаголник, војна, борба за преживување. Филм кој што после Титаник беше еден од најпотресните филмови, изобилувајќи со сцени кои ќе ве натераат да пуштите некоја солза но и со голем број сцени кои ќе стават насмевка на вашето лице.

15. Wicker Park

Ова е еден од оние филмови кога ви доаѓа некому да му удрите бокс бидејќи во филмот гледаме на што сè се спремни луѓето кога се опседнати со некој или пак болно заљубени. Интересна сторија која ќе го задржи вашето внимание.

Има да се најбројуват уште многу како: Agora, Armagedon, Dear John, Deep Impact, Now And Than, My Girl, Boys Don't Cry, Meet Joe Black, Slumdog Milioner, Lovely Bones, August Rush, Sweet November, Autumn In New York... но каде би ни бил крајот...

Би можело да ве интересира:

5-те најскапи училишта во светот – над 100.000 евра за една година Знаевте ли дека петте најскапи училишта за основци и средношколци се наоѓаат во ...
8 работи на кои треба да обрнете внимание кога купувате чевли Еластичноста на ѓонот кај ниските чевли, но и формата на вашето стапало - на што...
6 психолошки трикови за полесно да ги разберете луѓето „Ако некој се лути заради глупости, тоа значи дека му е потребна љубов“. Прочита...
Како да откриете дали купувате оригинал или ви продаваат копија од познатите брендови? Патики Adidas, часовници на брендот Tissot, но и iPhone мобилни - како да п...
„Отровот е во твојата глава“: Мудра кинеска приказна за снаа и свекрва „За целосно да избегнеш каков бил сомнеж, мора да го контролираш својот гнев, да...
5 работи што не треба да ѝ ги кажете на личноста што има анксиозност (и како да ја утешите) „Ајде собери се“, „Ќе се снајдеш“... Ова се некои од фразите што треба да ги исф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg