Дежа Ву, Ескимо и уште 5 места со најдобриот сладолед во Скопје (фото)
Ескимо е култна слаткарница од 73-та позната по сладолед потопен во чоколадо и кикиритки, Дежа Ву пак, рачно ги изработува корнетите – кое е вашето омилено место за сладолед во Скопје?
Дали има поубаво разладување на високите, пеколни температури од ладен сладолед? Но, кога станува збор за ова ледено летно задоволство, навистина е тешко да се одбере место кое ќе го задоволи сечиј вкус.
Ние одбравме дури 7 во главниот град... имате ли да додадете уште некое?
Ескимо
Култна слаткарница, легенда која постои од далечната 1973 година. Препознатлив знак: сладоледот кој го потопуваат во стопено чоколадо, а потоа во сечкани кикиритки.
Дежа Ву
Рачно изработени, домашни корнети. Огромна палета на вкусови. Навистина ќе имате проблем да одберете, бидејќи сите се одлични.
Палма
Уште едно култно место, односно две (Карпош и Аеродром) каде што може да вкусите неверојатен сладолед во Скопје.
Ресторан кај Џино
Вистинско италијанско џелато кое со години не отстапува од квалитетот, со многу интересни вкусови како на пример, англиска супа.
Зафир
Богат и освежителен вкус на вистинско овошно Artisan Gelato направено со 70% овошна каша.
Радост
Радост сè уште нè радува во Сити Мол со прекрасните сладоледи „на точење“ чии многубројни додатоци им даваат исклучително вкусен шмек.
Охрид
Слаткарницата во Старата Чаршија нуди изобилство на вкусови, а дури и најистенчените вкусови за сладолед ќе бидат задоволени, со оглед на фактот што семејниот бизнис е започнат во далечната 1903 година.
(О)Милена | Црнобело