Кира, Лео, Сончица – 10 женски и машки имиња инспирирани од летото и морето

Во потрага сте по прекрасно име за вашето момче или девојче кое го носите во стомакот? 

10-zenski-i-mashki-iminja-inspirirani-od-letoto-01.jpg

Доколку очекувате да се роди во текот на летото, прекрасна идеја е да одберете име инспирирано токму од сезоната или морето:

Јадранка

Веднаш станува јасно зошто ова ретро име асоцира на лето, бидејќи настанало како резултат на едно од најубавите мориња на светот – Јадранското. Иако можеби ви изгледа старомодно, ова име носи неверојатна убавина и симболика во себе.

Маре

Ова е кусата варијанта на името Марија, чија пак хебрејска форма е Мирјам. Според старото толкување, името Мирјам се создало како резултат на хебрејското мир (горчливо) и јам (море), па грубото значење би било „горчливо море“. На италијански пак, mare означува море.

Сончица/Сунчица

Ведро, убаво име чие значење не е воопшто двосмислено. Асоцира на сонцето и сончевите зраци кои најсилно блескаат токму во летниот период.

Лео/Леона

Голем број на дечиња коишто се родени во летото се раѓаат во хороскопскиот знак Лав. Нивниот датум на раѓање лесно се поврзува со името кое означува храброст и сила.

Вишна/Јагода/Малина

Сочни и слатки, овие „овошни имиња“ се вистински симбол на летото, кое во себе носат ведрина и руменило.

Кира

Името е со египетско/персиско потекло кое означува „сонце“. Во некои јазици името симболизира „престол“ што му дава кралски, моќен призвук и симболика.

Каи

На хавајски и индијанскиот јазик навахо, значењето на ова интересно име е поврзано со летото. На навахо значи „врба“, а на хавајски, каи означува „море“.

Вал

Ова машко име настанало од зборот valens што значи „силен, здрав“. Другите облици се Валентин, Валентина, Валентино. Но „вал“ на српски означува и бран, што секако асоцира на морето.

Елио

Потекнува од латинското Helios – грчкиот бог на Сонцето. Хелиос е прикажан како прекрасен млад човек со сончева аура околу себе кој ја вози својата кочија предводена од крилести коњи.

Јулијана

Значењето на ова име е поврзано со некои минати времиња и асоцира на „младешко, полетно, меко“. Но, може да се анализира и од аспект на седмиот месец на годината, јули, кога летото е во полн ек.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
Работи кои може да ги најдете на попуст и е корисно да ги купите при крајот од летото Имате деца? Па, купувањето лулашка, лизгалка, трамбулина или други игр...
Фотки што ќе ве разгневат – Луѓе кои живеат со „цимер од пеколот“ Не си ги мие садовите, не ги фрла кутиите од пица, чека некој друг да му ја собе...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg