Митови за каубоите во кои веруваме поради холивудските вестерн филмови

Нивната работа била многу тешка, немале време за конфликти со Индијанци ниту, пак, за авантури, а препознатливата каубојска шапка е плод на фантазијата на холивудските режисери. Во кои митови за каубоите веруваме поради филмовите?

mitovi-za-kauboite-vo-koi-veruvame-poradi-holivudskite-vestern-filmovi01.jpg

Вестерн филмовите се фикција чие дејство е сместено кон средината и крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век, во западниот дел на САД, познат и како „Стариот Запад“ или „Дивиот Запад“.

Главните херои во холивудските вестерн филмови се каубоите, кои најчесто се претставувани како силни, вооружени мажи чии животи се исполнети со авантури.

Од почетокот на 20-тиот век, па сè до 1960-тите, вестерн филмовите беа најпопуларните холивудски филмови, но она што е прикажано во нив неретко е далеку од вистината. Особено кога станува збор за каубоите и нивниот начин на живот.

Погледнете кои се најчестите митови за каубоите кои ни се „наметнати“ од холивудските вестерн филмови:

Првите каубои не биле Американци

Иако во вестерн филмовите повеќето каубои се „чистокрвни“ Американци, првите каубои всушност биле Шпанци, а потоа имале разно потекло.

Во 1519 година, кога Шпанците почнале да се населуваат на територијата Америка, тие почнале да градат ранчови и да одгледуваат крави и друг добиток. Првите каубои потекнуваат од територијата на Мексико и биле нарекувани vaqueros – збор што потекнува од шпанскиот збор vaca (крава).

До почетокот на 1700-тите, ранчовите стигнале до денешен Тексас, како и Њу Мексико и Аризона, а по 1769-та одгледувањето добиток станало почеста појава на „Дивиот Запад“.

Зборот каубој (cowboy) првпат е употребен од страна на писателот Џонатан Свифт во 1725 година, со цел да опише луѓе кои одгледувале крави во руралните заедници.

Во текот на 1800-тите, многу доселеници од англиско говорно подрачје почнале да се населуваат на Западот од Америка и почнале да го прифаќаат „каубојскиот“ начин на живот, па постепено се згоемувал и бројот на каубои.

Потоа каубоите имале разно потекло – Афроамериканци, Индијанци, Мексиканци и доселеници од истокот на САД, како и од Европа.

mitovi-za-kauboite-vo-koi-veruvame-poradi-holivudskite-vestern-filmovi-02.JPG

Тие не се бореле со Индијанци

Во повеќето вестерн филмови, каубоите имаат некаков конфликт со домородното население, но ова не е точно.

Повеќето каубои биле млади момчиња на кои им биле потребни пари. Тие одгледувале крави и добиток кои ги продавале низ Америка, но некогаш поправале огради и градби, им помагале на другите во грижата на коњите и слично.

Нивниот работен ден бил особено тежок – работеле и по 15 часа дневно, и тоа тешка физичка работа. Што значи, не ни имале време да почнуваат конфликти со домородното население.

Генерално, каубоите биле работници, а не борци како што се претставени во холивудските филмови.

mitovi-za-kauboite-vo-koi-veruvame-poradi-holivudskite-vestern-filmovi-07.JPG

Повеќето биле вооружени, но не можеле да го користат оружјето кога и да посакаат

Во вестерн филмовите сите каубои, но и скоро сите луѓе од Дивиот Запад се вооружени.

Иако било нормално тој период, во 1800-тите, да имаат оружје за самоодбрана (најчесто од диви животни), кога влегувале во некој град, сите морале да го пријават своето оружје.

Односно, локалните жители морале да го чуваат оружјето дома, а посетителите од други места морале да го пријават оружјето кај локалните власти.

mitovi-za-kauboite-vo-koi-veruvame-poradi-holivudskite-vestern-filmovi-03.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg