Народни верувања – Што значи ако ви се скрши чаша, а што ако ви пукне сијалица?
На секој му се случило да му се скрши чаша во рака или една иста работа да му се расипе стопати. На тоа, бабите би рекле – некој сака да ти каже нешто.
Ова се неколку народни верувања, или подобро познати како бабини деветини, кои можеби никогаш не сте ги слушнале:
- Ако во домот ви течат цевките за вода или ви капе вода од чешмата, веројатно сте во финансиски проблеми и треба да размислите колку рационално ги трошите парите.
- Ако постојано ви недостасуваат ситници кои вистина ви се потребни – шноли, ластичиња за коса, чорапи, клучеви - веројатно често се однесувате како егоист и вашите потреби ги наметнувате како најважни. Покрај тоа, мрзеливи сте и ја префрлате одговорноста на другите.
- Скршените или напукнати садови и чаши, како и пукнатините на огледалата, укажуваат дека во домот има сериозен конфликт.
- Постојаното расипување на електричните апарати, честото пукање на сијалиците, укажува на тоа дека луѓето од минатото не ви посакуваат добро.
- Честите поправки во домот исто така значат дека сте во токсична врска во која малку по малку го губите меѓусебното почитување.
- Работите кои засекогаш ќе се изгубат низ домот, укажуваат на стагнација. Тоа се сигнали дека треба да се напушти она што е старо и непотребно и треба да се создаде простор за нешто ново и интересно.
Имате уште некое слично верување, да додадете на листата?
М. Д. | Црнобело