11 типови туристи што ги гледаме на секој летен одмор, низ илустрации
Со месеци го чекавте летниот одмор, со денови го планиравте патувањето, но кога ќе стигнете таму, многу е веројатно да ви се расипе уживањето од други туристи кои се несовесни.
Без разлика дали станува збор за личност која не внимава на своите деца или турист од вашата група кој постојано доцни, сите сме налетале на барем една ваква личност за време на одмор.
Погледнете ги 11-те видови туристи кои сите сме ги сретнале барем еднаш, низ илустрации:
Експерти за сè
Овие луѓе се убедени дека знаат буквално сè – каде треба да јадете пица, кој автобус да го фатите, како правилно да се спакувате, дали во музејот се изложени копии или оригинали…
Најголемиот проблем е што постојано го наметнуваат нивното „знаење“, без разлика дали вие го сакате тоа или не.
Фото-туристи
На овие луѓе не им е толку важно да видат некоја знаменитост, колку само да направат фотографии и да им се пофалат на сите каде биле.
Проблемот е што неретко фотографирањето трае многу долго, а тие се чувствуваат како околу нив да нема и други туристи кои сакаат да ја видат знаменитоста.
„Домаќини“
Сите сакаме да се чувствуваме удобно кога сме на одмор, но обично „домаќините“ претеруваат. Каде и да седнат, овие луѓе го запоседнуваат целиот простор околу нив, секогаш носат премногу храна и се однесуваат како да се во нивниот дом. Најлошото од сè е што секогаш оставаат најмногу отпад.
Туристи кои бараат дружба
Ова се луѓе кои тргнале на патување само со една цел – да зборуваат и да им досадуваат на што е можно повеќе други туристи.
Тие се секогаш расположени за разговор, без проблем ќе ви седнат на маса дури и ако забележат дека сте на романтичен состанок, а штом еднаш прозборите со нив, целиот одмор нема шанси да ги избегнете.
Гласни туристи
На секоја плажа и на секој базен има по една ваква личност. Таа зборува на цел глас, пушта музика на најсилно, прска со вода на сите страни и, генерално, им го нарушува мирот на скоро сите присутни.