Вирално видео: Мало девојче мисли дека принцот Хари од насловна страна ѝ е татко – има добра причина за тоа
Често се случува малите деца да се препознаат, па да мислат дека некој од познатите на фотографиите од списанијата е некој од нивното семејство, како мама или тато, но овојпат како што може да видиме не станува збор само за невин детски коментар.
Ова видео се појави на социјалните мрежи и за кратко време стана вистински хит. На видеото прво го гледаме малото девојче како покажува на фотографијата на списание и мајка ѝ ја прашува: „Кој е ова?“, а таа одговара: „Тато“.
Веднаш потоа камерата се врти и имаме можност да го видиме таткото на девојчето, па сфаќаме зошто се збунило, затоа што татко ѝ е буквално „двојник“ на британски принц.
Оние што го погледнаа видеото што се појави во рамки на трендот за објавување видеа со двојници на познатите личности на ТикТок, мораа да погледнат двапати, за да се осигураат дека човекот навистина не е принцот Хари.
Инаку „среќничката“ чиј сопруг е двојник на принцот Хари се вика Елизабет Ганус, а има свој ТикТок профил под името @heavenstoberts. Видеото беше објавено на 2-ри јуни, а досега има над 3 милиони прегледи.
Погледнете го видеото:
@heavenstoberts And we’ll never be royals...#princeharry #myhusband #katespadenyhappydance #celebritylookalike #famous
♬ Quirky - Oleg Kirilkov
Б. С. Б. | Црнобело