„Си направив дом на тркала – ова се најголемите проблеми со коишто се соочив, а за кои никој не зборува“

Воопшто не е лесно да управувате со алати

Изгледа никој не спомнува колку часови треба да поминете во учење за користење на потребните алати. Во ова имав многу помош од тато, кој ме научи за електрични инсталации, греење и ладење и слично.

Многу сум благодарна што тој има тоа знаење и што ми покажа како да го користам секој потребен алат.

si-napraviv-dom-na-trkala-ova-se-najgolemite-problemi-so-koishto-se-soochiv-a-za-koi-nikoj-ne-zboruva-06.jpg

Ја потценив природата

Живеам во Њу Џерси и ја купив приколката во јануари. Тогаш имав нереалистична замисла дека ќе завршам со реновирањето за месец-два.

Набрзо моите планови паднаа во вода. Почна студена зима, а јас не ни очекував дека следните неколку месеци ќе има снежни бури кои ќе натрупаат снег на приколката. Се чувствував толку поразена што морав да почекам да помине зимата.

si-napraviv-dom-na-trkala-ova-se-najgolemite-problemi-so-koishto-se-soochiv-a-za-koi-nikoj-ne-zboruva-08.jpg

Никој не зборува за мизеријата

Најмногу од сè посакувам луѓето кои ме инспирираа да споделуваат повеќе за непријатните чувства кои доаѓаат со ваквите проекти, за барем да знам што ме чека.

Не видов ниту еден од нив како плаче додека се качува на покривот на приколката среде ноќ за да го исчисти снегот, бидејќи не е сигурен дали покривот може да ја издржи неговата тежина.

si-napraviv-dom-na-trkala-ova-se-najgolemite-problemi-so-koishto-se-soochiv-a-za-koi-nikoj-ne-zboruva-02.jpg

Но и покрај сè, има некои позитивни работи

Јасно ми е дека целиот процес не звучи воопшто забавно. Всушност, звучи многу мизерно, но научив дека секогаш има начин да ги претворам овие моменти во нешто повеќе. Генерално, најлошите моменти се оние што ме натераа да го засакам ова искуство.

Среќна сум што добив помош од 13-годишниот братучед за дизајнот на ентериерот. Многу ми значи што мајка ми мѝ помагаше да ја чистам приколката кога надвор беше многу ладно. Ги сакам сеќавањата што ги создадов. Исто така, се зближив со многу пријатели кои ми понудија помош и ме охрабрува. Имаше и странци кои едвај чекаа да го видат крајниот резултат.

Некогаш најважна е перспективата, а позитивниот став, дури и на најлошите денови, ја прави најголемата разлика.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите Стари тегли во кои вашите баби чувале зимница, весници од пред неколку години, п...
Детали од земјите ширум светот кои кријат необични приказни Ако во Шкотска видите црвена влезна врата, тоа значи дека домаќинот го исплатил ...
Славни мајки чии ќерки воопшто не личат на нив (но ја наследиле нивната харизма) Ќерката на Бијонсе ги „украла“ гените од татко ѝ Џеј Зи и е негова копија, за Ва...
Поминала 6 часа на -20˚C и замрзнала, но била спасена: Како преживеала Џин Хилијард од Минесота? Во 1980-та, Џин Хилијард од Минесота замрзнала „како коцка мраз“ откако поминала...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg