„Тренерот ми кажа да се сликам, јас му ги пратив фотките – сега девојка му го испрашува која сум“
Дали некогаш ви се случило поради недоразбирање некому да му пратите погрешни фотографии... Не, не говориме за фотографии што немаат соодветен филтер или не се за „сечии очи“, туку за разголени фотографии што требало да ги чувате за себеси. За скандалот да биде поголем, човекот ги добива фотографиите додека е на вечера со девојката.
Оваа жена останала засрамена откако му пратила разголени фотки на личниот тренер. Џема Хил, радио презентер во Heart West Midlands, во нејзиниот вирален ТикТок пост објаснува како нејзиниот нов личен тренер ѝ рекол да направи фотографии од типот „пред и потоа“ за да го следи напредокот од вежбањето.
Таа веднаш побрзала да ја заврши задачата, па така се фотографирала пред огледалото во долна облека и веднаш му ги пратила фотографиите на тренерот, но останала засрамена откако тој ѝ одговорил дека немало потреба нему да му ги праќа фотографиите и дека сега неговата девојка се прашува „која е оваа женска“.
Во видеото таа појаснува дека тој ѝ рекол да направи фотографии на кои „нема да се стега, нема да бара добар агол и само ќе биде искрена“, а потоа ја споделува и преписката што следела помеѓу нив откако ги пратила фотографиите.
Тој ѝ пратил порака во која пишувало:
„Еј извини Џем, мислев да направиш фотографии за себе, не да ми ги пратиш мене. За да можеш да го следиш напредокот!“
На ова таа му одговорила:
„Леле извини. Каква глупост. Мислев дека треба да ти ги пратам. Се засрамив. Извини“
Она што подоцна ѝ го напишал само придонело уште толку да се засрами, затоа што фотографиите не ги видел само тој, туку и неговата девојка, што не била толку импресионирана затоа што клиентката му праќа разголени фотографии:
„ЛОЛ, не, не барам од клиентите да ми праќаат фотографии во долна облека. На вечера сум со девојката и сега таа ме испрашува која ми е оваа женска.“
Џема ја раскажа приказната на ТикТок, а видеото досега го погледнале околу 150.000 корисници на мрежата. Како би се чувствувале вие во ваква ситуација?
Погледнете го видеото:
@radiogemmahill How do I go back ? #PT #gymfail #mumsoktiktok #gym #gym #over30 #fitlovers #fitnessfunny
♬ Send Me on My Way - Vibe Street
Б. С. Б. | Црнобело