Како изгледа домот на една мајка за на Инстаграм vs. како во реалноста (видео)

„Прво си помислив каде ја најдов оваа совршена мајка на ТикТок, а потоа си реков ‘Oх, мој човек’...“, коментираат мајките на видеото што стана вирален хит.

kako-izgleda-domot-na-edna-majka-za-na-instagram-vs-kako-vo-realnosta-video-01.jpg

ТикТок корисничката Peruxican сподели видео кое стана вирален хит. Таа, како мајка, дава совети како да ви биде уреден домот кога имате деца, барем така изгледа на прв поглед во видеото. Прикажува кои се триковите за средена куќа.

Го снима уредениот дом и вели дека тајната е што на децата им купува само онолку играчки колку што може да собере во кутијата за играчки и дека децата имаат свое работно катче, но дека тоа треба да биде уредно и работите да им останат таму.

Само миг по прикажувањето на овој совршено уреден простор таа во кадар фаќа еден хаотичен агол од собата преполн со детски играчки.

Со ова видео на суптилен начин се шегува и прикажува како изгледаат домовите на мајките за на Инстаграм, а како во реалноста и ја испраќа поракате дека каде што се децата, таму е хаосот.

Мајки од целиот свет ѝ дадоа поддршка, а коментарите на видеото гласат:

„На почетокот од видеото ти бев толку љубоморна на минимализмот, но сега се смеам на глас. Ти благодарам.“

„Прво си помислив каде ја најдов оваа совршена мајка на ТикТок, а потоа си реков ‘Oх, мој човек’...“

Погледнете го видеото:

@peruxican

#organization #cleaningtiktok #momsoftiktok

♬ SUNNY DAY - Matteo Rossanese

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
9 туристи кои открија изненадувачки работи при своите патувања во странски земји „Кога бев во Турција, поминав време со неколку различни семејства. Кога ќе ја ст...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
8 филмски митови кои немаат смисла во реалноста Дали во детството стравувате да не паднете во вода со пирани бидејќи ќе ве изеда...
Ситници во домот за кои гостите нема да ви преречат, но сигурно ги забележуваат Валкан под во кујната и мали дефекти низ домот – за кои ситници гостите можеби н...
14 случаи кога реалноста е многу полоша од очекувањата - Што порачав, а што добив? „Им напишав толку негативна критика, што ми рекоа дека ќе ми платат за да ја пов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg