Како изгледале и што симболизирале српските „дизелаши“ од ’90-ите?!

Дизелашите се вид на младинска субкултура, есктремно позната и актуелна во ‘90-ите години на минатиот век во Србија.

Kako-izgledale-i-shto-simbolizirale-srpskite-dizelashi-od-90-ite 01 630x330.jpg

Тие се карактеризираат со груба слика, склоност кон насилно (самоуверено) однесување и посебен стил на облекување што се базира на носење скапа спортска облека од познати светски брендови.

Очекувано, тие биле именувани според брендот Дизел, а можеле да се сретнат и под синонимите: зелди, дизеландер, „дизел-момак“.

Белградскиот, модерен жаргон го дефинира „дизел“ мажот како краткокос млад човек, во тренерка, со златен ланец околу вратот, скап мобилен телефон и евентуално уште поскап и подобар автомобил, а самиот дизелаш често бил поврзуван и со криминални активности.

Оваа субкултура го симболизира распаѓањето на моралот заради социо-политички фактори и генерално го прикажува духот на една нација во одредена временска рамка.

Теоретичарите, исто така го поврзуваат изгледот на дизелашите со фактот дека за краток временски период, голем број луѓе се збогатиле на нелегален начин, по што преку модата и специфичниот стил тие имале обид да ја покажат својата припадност на одредената класа.

Избричена глава, дебелите златни ланци околу вратот и патиките Аir max биле неопходни елементи на припадниците на оваа таканаречена „култура“.

Kako-izgledale-i-shto-simbolizirale-srpskite-dizelashi-od-90-ite 02 630x380.jpg

Дизелашите го покажувале своето богатство носејќи неверојатен накит, часовници, претежно злато, како и поседувајќи скапи мобилни телефони, што во тоа време било реткост и ретко кој можел да си дозволи да го поседува истиот.

Иако сѐ помалку се популарни, делумно поради раѓањето на нови субкултури, а и поради враќањето во старите, дизелашите не исчезнаа целосно по влегувањето во новиот милениум.

Земун, Вождовац и Сурчин биле главните области на движењето на дизелот во ‘90-ите години на минатиот век.

Дизелашите денес се заменети со навивачки групи и кланови кои продолжуваат да ја негуваат естетиката на своите претходници, секако со одредени модификации.

Овој српски правец е виновник за снимањето на едни од најдобрите филмови на овие простори.

Во продолжение ви прикажуваме како изгледале српските дизелаши во времето на ’90-ите:

Kako-izgledale-i-shto-simbolizirale-srpskite-dizelashi-od-90-ite 03 630x391.jpg

Kako-izgledale-i-shto-simbolizirale-srpskite-dizelashi-od-90-ite 04 630x473.jpg

Kako-izgledale-i-shto-simbolizirale-srpskite-dizelashi-od-90-ite 05 630x20.jpg

Kako-izgledale-i-shto-simbolizirale-srpskite-dizelashi-od-90-ite 06 630x336.jpg

Мила М. | Црнобело / фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg