Фризер од Пакистан потстрижува со ножеви, оган и парчиња стакло (фото+видео)
Пакистанскиот фризер Али Абас цела година ги усовршувал своите невообичаени техники, па сега ги потстрижува неговите кленти со оган, ножеви, парчиња стакло и што уште не.
Али Абас е фризер од Пакистан кој открил необичен начин да се истакне над неговата конкуренција. Наместо со ножици и чешел, Али ги потстрижува неговите клиенти со најчудните нешта – од сатар и оган, па сè до парчиња стакло.
Салонот на Али се наоѓа во пакистанскиот град Лахор и веќе е вистински хит помеѓу локалните жители. Најчесто неговите машки клиенти ги „потстрижува“ со оган – прво им става запаливо средство на косата, па ја пали, па веднаш го гаси огнот. Неретко, жените ги потстрижува со сатар, а им ја обликува косата со парчиња скршено стакло.
Секако, сето ова е опасно да се пробува, па не се обидувајте да ги повторите неговите необични потези.
„Сакав да направам нешто поразлично за да привлечам повеќе клиенти. На почетокот вежбав на перики, а потоа пробав една техника на клиент и многу му се допадна. Секој ден се обидувам да смислам нови начини на потстрижување“.
Али почнал да потстрижува на овој начин во 2016 година и признава дека, нормално, на почетокот клиентите биле исплашени. Но, штом локалните жители сфатиле дека тој е експерт за невообичаените техники, неговиот салон станал доста популарен. Али се има појавено и на неколку телевизиски програми, а го викаат и како фризер на фотосесии.
Најчесто Али наплаќа 13 долари за потстрижување со неговите уникатни техники, а одвреме-навреме потстрижува и како секој фризер, со ножици.
Али открива дека благодарение на неговите нови техники салонот почнале да го посетуваат многу повеќе луѓе, особено жени, на кои најмногу им се допаѓало тоа што, наводно, косата им растела побрзо после неговите третмани.
Дали би отишлена фризер кај ваков бербер?
Спирова С. | Црнобело