„Сопругот ми објасни зошто не носел бурма таа ноќ и сега е сингл - вие што би направиле?“
По лагата дека бурмата му ја тргнале со Фотошоп, еден од коментарите гласи: „Девојко, ти не си разведена! Само со Фотошоп го имаш тргнато од животот“.
Тајлер Пејџ за себе вели дека е танчарка, кореограф, писателка, бизнисменка и што уште не. Таа на својот ТикТок профил споделува разни детали од нејзиното секојдневие, а сега искрено откри и зошто се развела од сопругот.
Пејџ откри дека на Фејсбук осамнала фотографија од нејзиниот сопруг со многу девојки во ноќен клуб. Фотографијата била направена од професионален фотограф и објавена на профилот на клубот.
„На фотографијата видов дека не ја носи бурмата, па го прашав за тоа, а тој ми ја кажа најглупавата лага што некогаш сум ја слушнала. Ми кажа дека со Фотошоп му ја тргнале бурмата. Му ја фотошопирале бурмата? Ах, да сигурно. Разведени сме сега“, вели Пејџ.
@tylarpaige I’d love for this sound to go viral because he will know he’s the only idiot that would tell such a whopper!!! ##fyp ##liar ##cheater ##exhusband
♬ They photoshopped his wedding ring off - Ty Paige
Потоа во второ видео Пејџ открива дека откако на сопругот му кажала дека таа е Фотошоп експерт и дека е сигурна дека ниту еден фотограф нема да изгуби толку време за да му ја трга бурмата со Фотошоп, тој ѝ дал ново објаснување дека наводно ја извадил додека миел раце во тоалетот на клубот и заборавил да ја стави.
„Колку соодветно време за да заборави да ја стави бурмата“, се шегува таа.
Дел од коментарите на видеата се навистина забавни, а еден гласи: „Девојко, ти не си разведена! Само со Фотошоп го имаш тргнато од животот“. Друг е: „Не можам да се помирам дека мислел дека ќе поверуваш во тоа.“
Пејџ потоа откри дека се обидела да го спаси бракот, но поради огромниот број лаги од нејзиниот нарцисоиден сопруг одлучила да се разведе.
@tylarpaige You asked for it, here it is! Wedding ring photoshop story part two! #fyp #photoshop #stayhomestaysafe #cheater #liar #weddingring
♬ They photoshopped my wedding ring off part II - Ty Paige
Прочитајте и „Сопругот ми испрати селфи од деловното патување и сега е сингл - што мислите зошто?“
С. С. | Црнобело