Чудни навики на луѓето во Кина кои се како од паралелен универзум

Не е ништо чудно ако во Кина се прошеташ по пижами и решиш да дремнеш некаде надвор...

chudni-naviki-na-lugjeto-vo-kina-koi-se-kako-od-paralelen-univerzum-001.jpg

Издвојуваме неколку чудни навики и принципи на живеење кои во Кина се нормални години наназад, а кај нас повеќето би биле сосема поинаку протолкувани. 

Секако, не сите од нив важат загарантирано секаде и кај секого во Кина, но се честа појава што се разликува од кај нас. 

1. Подарокот мора да се одбие неколкупати пред конечно да се прифати.

Во Кина подарокот се одбива барем еднаш, пред да се прифати и тоа се смета за љубезност. Исто така, скапите подароци се сфаќаат како подмитување, исто како и парите во плик.

chudni-naviki-na-lugjeto-vo-kina-koi-se-kako-od-paralelen-univerzum-01.jpg

2. Жените на плажа си ги покриваат лицата

Меката, чиста и мазна кожа е заштитен знак на жените во Кина и овој стандард за убавина се сочувува по секоја цена, па дури и по цена на носење маска за заштита од сонцето кога се на плажа. Секако, ова не го прават сите.

chudni-naviki-na-lugjeto-vo-kina-koi-se-kako-od-paralelen-univerzum-02.jpg

3. Полицијата понекогаш користи гуски, наместо кучиња

Во одредени места и провинции низ Кина, гуските се користат како полициска заштита. Многу се гласни и агресивни и имаат одличен вид, па без да го повредат напаѓачот успеваат да го преплашат.

chudni-naviki-na-lugjeto-vo-kina-koi-se-kako-od-paralelen-univerzum-03.jpg

4. Луѓето дремнуваат каде стигнат

Во Кина, луѓето работат со часови и недели, понекогаш без слободни денови. Па, сосема е нормално и разбирливо да дремнат кога и да имаат слободни 5 минути, каде и да се наоѓаат.

chudni-naviki-na-lugjeto-vo-kina-koi-se-kako-od-paralelen-univerzum-04.jpg

5. Пијат зовриена вода

Пиењето на зовриена вода е чест начин на кој се лекуваат разни типови на болести. Веруваат дека добрите и лошите елементи во телото се балансираат кога се пие токму зовриена вода.

chudni-naviki-na-lugjeto-vo-kina-koi-se-kako-od-paralelen-univerzum-05.jpg

6. Оставањето на храна во чинијата е добар знак

Иако во повеќето кујни и култури полната чинија е знак дека не ви се допаднала храната, во Кина е знак дека домаќинот послужил повеќе од доволно храна за да се најадете и буквално не ве оставил гладни.

chudni-naviki-na-lugjeto-vo-kina-koi-se-kako-od-paralelen-univerzum-06.jpg

7. Нормално е да се носат пижами надвор од дома

Порано носењето на пижами надвор од дома било знак за висока класа, односно за луѓето кои имале повеќе пари од доволно. Денес, носењето на пижами во јавност не се врзува со богатството, туку со одморот. Тоа е знак дека дента не мора да работите и сте опуштени. Но, секако и ова се исклучоци, иако постојат.

chudni-naviki-na-lugjeto-vo-kina-koi-se-kako-od-paralelen-univerzum-07.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg