Што прават културните луѓе кога одат на гости?
Како што постои бон-тон однесување во ресторан, во канцеларија, во јавен превоз, така постои и бон-тон за на гости.
Што прават културните луѓе кога одат на гости (независно колку сте блиски со домаќинот) и дали и вие може да се вброите во нив? Проверете:
1. Си носат резерва чисти чевли.
Не се препорачува да носите туѓи папучи, колку и да ви ги нудат, а боси сигурно нема да ви се седи. Па, најпаметно во оваа ситуација е да понесете со себе лежерни, резервни и чисти чевли. Кај нас ретко кој би го направил ова, но истото правило важи кога одите во викендичка - си носите свои влечки и заменски чевли.
2. Не си ја носат дома останатата храна.
Колку и да им се нуди, никогаш не ја земаат останатата храна, дури и тие да ја платиле. Исклучок се случаите кога се нарачало вишок храна, која не се отворила.
3. Се консултираат со домаќините дали може да го земат миленикот.
Нема понепријатно изненадување од појавување со него на врата, без претходна најава.
4. Се обидуваат да бидат корисни.
Најдобриот манир кој може да го покажете е да се понудите да помогнете, дури и со најситната задача. Но, без да форсирате и никогаш не одлучувајте сами да почнете да средувате туѓа кујна.
5. Не ја менуваат програмата или музиката сами.
Доколку не можете да ја поднесете јачината на звукот или музиката која оди во позадина, најкултурно замолете го домаќинот да ја промени.
6. Знаат каде се седи, а каде не.
Односно, знаат дека седењето на креветот во спалната на пример е едно големо НЕ.
7. Мокриот чадор го ставаат на соодветното место.
Или пак, замолуваат домаќинот да го остави во тоалетот, за да не се цеди на подот.
8. Ги дискутираат можностите за носење на деца или не.
И тоа го прават однапред, штом им биде најавена поканата за на гости.
9. Знаат кога треба да си заминат.
Најоптимално е помеѓу час и два, или пак кога ќе забележите дека гостите полека си заминуваат еден по еден. Не останувајте последни.
М. Д. | Црнобело