Забави со супермодели кои траат цел месец, луксузни јахти – раскошниот живот на Мохамед бин Салман, принцот од Саудиска Арабија (фото)

За принцот од Саудиска Арабија е најпознато дека сака да се забавува, а за таа цел има потрошено милиони, а можеби и милијарди долари. Пред неколку години тој организираше забава на Малдивите која наводно траела речиси цел месец, а има купено и јахта што ја користи само за забави.

zabavi-koi-traat-cel-mesec-luksuzni-jahti-raskoshniot-zhivot-na-mohamed-bin-salman-princot-od-saudiska-arabija-foto1.jpg

Мохамед бин Салман, принцот од Саудиска Арабија, на јавноста ѝ е најпознат по неговите луди забави, но и трошењето огромни суми за оваа намена. Според некои извори, во период од 3 години, Мохамед успеал да потроши околу 1 милијарда долари на јахти, забави, луксузна облека и слични работи.

Една од неговите забави која привлече најмногу внимание беше организирана во 2015-та на Малдивите, во луксузно одморалиште опремено со ноќен клуб, ексклузивни ресторани, базени и што уште не.

Наводно, на забавата присуствувале речиси 150 супермодели од Русија и Бразил, а пред да дојдат на забавата, сите биле тестирани за сексуално преносливи болести.

За да ги забавува неговите гости, принцот го најмил раперот Питбул, како и корејската ѕвезда Псај. Хотелот во којшто биле сместени неговите гости имал 300 вработени, од кои сите добиле плата од околу 5.000 долари.

На забавата, принцот забранил употреба на смартфони, а оние на кои им бил потребен телефон, можеле да користат само многу стари модели, без камери. Тој бил толку сериозен за забраната, што кога фатил двајца вработени од хотелот со смартфон, веднаш наредил да бидат избркани од работа.

zabavi-koi-traat-cel-mesec-luksuzni-jahti-raskoshniot-zhivot-na-mohamed-bin-salman-princot-od-saudiska-arabija-foto-02.jpg

Принцот планирал забавата да трае еден месец, и иако не е познато дали си ги остварил планот, тој го изнајмил луксузното одмаралиште на толкав период. А, со пријателите дефинитивно поминале неколку денови на Малдивите. Според некои извори, тие спиеле во текот на денот, најмногу за да ги избегнат папараците, а штом ќе зајдело Сонцето, почнувале со забавата.

Бидејќи Мохамед дава сè од себе за неговите луксузни забави да бидат што е можно поинтимни, познати се малку детали за ова.

Наводно, жителите на Саудиска Арабија постојано го критикувале неговото неодговорно трошење на парите, па тој секогаш се обидува да се скрие. Но, она што е познато за забавата на Малдивите ни дава барем некаков увид.

zabavi-koi-traat-cel-mesec-luksuzni-jahti-raskoshniot-zhivot-na-mohamed-bin-salman-princot-od-saudiska-arabija-foto-03.jpg

Како што напоменавме, принцот не се двоуми да троши пари за луксузни нешта, а тоа го покажува и неговата огромна јахта, опремена со кино, па дури и мал терен за голф, за која платил 60 милиони долари.

zabavi-koi-traat-cel-mesec-luksuzni-jahti-raskoshniot-zhivot-na-mohamed-bin-salman-princot-od-saudiska-arabija-foto-04.jpg

Јахтата на 31-годишниот принц е долга 78 метри и во неа има место за 12 гости и 26 членови на екипажот. Јахтата има своја киносала опремена со фотелји и кревети, како и бар во кој има пијано.

zabavi-koi-traat-cel-mesec-luksuzni-jahti-raskoshniot-zhivot-na-mohamed-bin-salman-princot-od-saudiska-arabija-foto-05.jpg

zabavi-koi-traat-cel-mesec-luksuzni-jahti-raskoshniot-zhivot-na-mohamed-bin-salman-princot-od-saudiska-arabija-foto-06.jpg

Нормално, јахтата на принцот има и посебна палуба за забава, а покрај барот и подиумот за танцување, има и „подрум“ со 1.000 шишиња текила. На јахтата има џакузи и базен долг 12 метри, како и целосно опремена теретана.

zabavi-koi-traat-cel-mesec-luksuzni-jahti-raskoshniot-zhivot-na-mohamed-bin-salman-princot-od-saudiska-arabija-foto-08.jpg

zabavi-koi-traat-cel-mesec-luksuzni-jahti-raskoshniot-zhivot-na-mohamed-bin-salman-princot-od-saudiska-arabija-foto-09.jpg

zabavi-koi-traat-cel-mesec-luksuzni-jahti-raskoshniot-zhivot-na-mohamed-bin-salman-princot-od-saudiska-arabija-foto-10.jpg

Внатрешноста на јахтата е уредена само со луксузен мебел, а на ентериерот работел еден од најпознатите дизајнери за јахти и бродови. Принцот ја купи јахтата во 2015 година од непознат бизнисмен.

zabavi-koi-traat-cel-mesec-luksuzni-jahti-raskoshniot-zhivot-na-mohamed-bin-salman-princot-od-saudiska-arabija-foto-11.jpg

zabavi-koi-traat-cel-mesec-luksuzni-jahti-raskoshniot-zhivot-na-mohamed-bin-salman-princot-od-saudiska-arabija-foto-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...
5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg