Луксуз и отменост во Кан
Овој ентериер можеби и не е популарен заради некоја култна серија или филм, но сепак познатиот хотел Мартинез кој се наоѓа практично спроти...
...Palais des Festivals во Кан е дефинитивно центарот на случувањата за време на најгламурозниот европски филмски фестивал.
Чист луксуз - ова е најверојатно најдобриот начин за да се опише овој хотел изграден 1929 година во карактеристичен арт деко стил, а кој и покрај многубројните промени успеал да го задржи овој специфичен карактер.
Елегантно склопено, класично убаво, шик, отмено, со голема веројатност дека ако имате можност да престојувате овде, утринските кроасани полнети со чоколадо ќе ги грицкате покрај некоја холивудска ѕвезда.
Главниот атрибут кој се врзува за овој хотел не е ниту најголем, ниту најубав, ниту најпоппуларен – туку едноставно најскап!
Хотелот Мартинез во 2009 година се најде на листата на десетте најскапи хотели на светот, а ноќевање во некои од најлуксузните апартмани чини неверојатни $18.000 долари.