„Едвај чекам да пораснам и да зборувам за досадни работи“ – слатки и мудри детски цитати кои ќе ви го разубават денот

Ако добро обрнете внимание на она што го кажуваат децата, ќе сфатите дека во нив се крие голема мудрост. Ова го сфатиле Алиса Ковит и Грег Дунбар, кои водат Инстаграм профил посветен на мудростите што ги споделуваат децата.

edvaj-chekam-da-porasnam-i-da-zboruvam-za-dosadni-raboti-slatki-i-mudri-detski-citati-koi-kje-vi-go-razubavat-denot-01.jpg

Алиса Ковит од Њујорк е наставничка, Грег Дунбар е менаџер за маркетинг во Walt Disney Studios, а двајцата го водат Инстаграм профилот Live from Snack Time (во живо од времето за ужина).

Целта им е да им покажат на возрасните за што сè размислуваат децата, но и да им докажат дека тие имаат одлично разбирање за светот околу нив, некогаш подобро и од возрасните.

На профилот тие споделуваат цитати кажани од мали дечиња и веќе имаат над половина милион следбеници. Дел од цитатите се од учениците на Алиса, а неретко и следбениците им испраќаат работи што ги кажале нивните деца.

„Децата се искрени и љубопитни, и додека често се збунети, тие се брилијантни“, вели Алиса.

Погледнете дел од најдобрите детски цитати, од кои повеќето ќе ве натераат да размислувате:

„Ќе се омажам за Вилијам. Тој е смешен, а тоа е важно во бракот“, Адисон, 5 години

„Не сакам да бидам возрасен, бидејќи тогаш ќе треба да одам на работа и да не се забавувам“,  Оливер, 5 години

„Изморена сум. Зошто не може да бидам како куче и цел ден да јадам и да спијам?“, Клои, 4 години

„Јас не сум принцеза. Јас сум жена!“, Скајлар, 4 години

„Крофните се мојот омилен круг“, Такер, 3 години

edvaj-chekam-da-porasnam-i-da-zboruvam-za-dosadni-raboti-slatki-i-mudri-detski-citati-koi-kje-vi-go-razubavat-denot-02.jpg

„Го сонував најдобриот сон. Сè во сонот беше леб“, Ингрид, 8 години

„Само сакам да бидам сама, но сакам да бидам со некого“, Меги, 4 години

„Часовите се кратки! Треба да имаат по 100 минути“, Бријана, 7 години

„Јас сум доста силна. Вежбав два дена“, Вајолет, 7 години

„Не сакам животот да се врати во нормала, сакам да се врати на подобро“, Вуди, 8 години

edvaj-chekam-da-porasnam-i-da-zboruvam-za-dosadni-raboti-slatki-i-mudri-detski-citati-koi-kje-vi-go-razubavat-denot-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
„Се вљубив во маж онлајн – братучетка ми се криела зад профилот“: Детали за најдолгата интернет изма... Кират Аси од Лондон девет години мислела дека е во врска со доктор кој го запозн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg