Приказната на жената со највисокото IQ во светот - зошто никој не знае за неа?

Повеќето луѓе сметаат дека најпаметните личности од поново време беа Ајнштајн или можеби Стивен Хокинг, но една жена од Америка ги надминува и најголемите генијалци на сите времиња. Мерилин вос Савант е колумнистка, чиј коефициент на интелигенција изнесува 228 – еден од највисоките што биле забележани досега.

prikaznata-na-zhenata-so-najvisokoto-iq-vo-svetot-koja-e-prichininata-shto-nikoj-ne-znae-za-nea-01.jpg

Тестовите за интелигенција ги „мерат“ когнитивните и интелектуалните способност на една личност. Просечниот човек има коефициент на интелигенција од околу 100.

Оние со коефициент повисок од 110 се сметаат за натпросечно интелигентни, а коефициентот на генијалците изнесува над 140.

Стивен Хокинг, еден од најпознатите физичари на денешницата има IQ од 160, а се претпоставува дека истото важи и за Ајнштајн.

Во периодот кога го направила тестот, Мерилин вос Савант ги надминала сите генијалци во светот, со коефициент на интелигенција од дури 228.

Па, која е ова жена и зошто малкумина знаат за неа?

Нејзините резултати биле чувани во тајност

Мерилин е родена во 1946-та и во детството се презивала Мах. Подоцна таа решила да го присвои моминското презиме на мајка си – вос Савант – бидејќи сметала дека ќерките треба да го носат презимето на мајките.

Мерилин направила тест за интелигенција на 10-годишна возраст и го постигнала највисокиот резултат дотогаш – дури 228.

prikaznata-na-merilin-von-savant-edna-od-najpametnite-zheni-vo-svetot-so-iq-od-228-05.jpg

Сакајќи да ѝ овозможат нормален живот, нејзините родители решиле да не ги споделуваат резултатите со никого, па со години никој не знаел за нејзиниот коефициент на интелигенција.

Брак на 16-годишна возраст

Како тинејџерка, Мерилин работела во продавницата на татко ѝ, а пишувала и текстови за локален весник, користејќи псевдоним. Стапила во брак на 16-годишна возраст, но 10 години подоцна се разделиле со сопругот.

Од првиот брак Мерилин добила две деца.

prikaznata-na-merilin-von-savant-edna-od-najpametnite-zheni-vo-svetot-so-iq-od-228-04.jpg

После средно училиште, таа се запишала на факултет за да изучува филозофија, но набрзо се откажала и му се посветила на семејниот бизнис.

Но, таа отсекогаш сонувала да стане писател, па откако собрала доволно пари, можела да си дозволи да почне да ја гради својата кариера.

На почетокот таа пишувала новели и кратки приказни, од кои повеќето биле политичка сатира, а секогаш користела псевдоним.

Откривање на нејзините резултати и работа од соништата

Јавноста дознала за коефициентот на интелигенција на Мерилин во 1985-та, откако се нашла во Гинисовата книга на рекорди како личност со највисоко IQ.

Наводно, од Гинис допреле до резултатите преку групата позната како Mega Society, којашто ја сочинуваат луѓето со највисок коефициент на интелигенција.

Бидејќи членовите мораат да имаат поголем IQ од 99,999% од населението, во групата членувале само 30-тина луѓе.

Кратко по објавувањето на резултатите, Мерилин станала ѕвезда, па по некое време решила да се пресели во Њујорк за да ужива во новиот статус и да ѝ се посвети на кариерата.

prikaznata-na-merilin-von-savant-edna-od-najpametnite-zheni-vo-svetot-so-iq-od-228-06.jpg

Во 1987-ма уште еднаш стапила во брак, а тој период почнала и да пишува неделна колумна, насловена „Прашајте ја Мерилин“.

Во колумната, Мерилин одговарала буквално секакви прашања, но и загатки поставени од читателите, а потоа успеала да издаде и неколку книги.

prikaznata-na-merilin-von-savant-edna-od-najpametnite-zheni-vo-svetot-so-iq-od-228-03.jpg

Најпаметниот пар на планетата

Како што напоменавме, во 1987-ма Мерилин уште еднаш стапила во брак, и тоа со мажот кој го измисли вештачкото срце – модел познат како Jarvik-7.

Роберт Јарвик е американски научник и штом ги здогледал сториите за Мерилин, веднаш посакал да ја запознае. Тој ја поканил на состанок и околу пет дена откако се запознале, ја започнале нивната врска.

prikaznata-na-merilin-von-savant-edna-od-najpametnite-zheni-vo-svetot-so-iq-od-228-02.jpg

Кога стапиле во брак, неретко биле нарекувани најпаметниот пар во светот и денес, неколку децении подоцна, тие уште уживаат во заедничкиот живот.

Мерилин, која денес има 74 години, дефинитивно успеала да си ја изгради кариерата од соништата и зад себе има десетина книги и бројни колумни.

prikaznata-na-merilin-von-savant-edna-od-najpametnite-zheni-vo-svetot-so-iq-od-228-07.jpg

Мерилин повеќе не се наоѓа на врвот кога станува збор за коефициент на интелигенција.

Се верува дека 44-годишниот Адрагон Де Мело има многу повисок коефициент, но се држи настрана од јавноста, па за него не се знае скоро ништо.

21-годишниот Аинан Коли, пак, е младо момче од Сингапур има IQ од 263.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
8 знаци дека сте личност со висока емоционална интелигенција Лесно работите во тим и генерално сте мотивирана личност – Помалку очигледни зна...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg