Што да правите ако се разбудите среде ноќ и не можете да заспиете?
Истуширајте се со топла вода
Топлиот туш ќе ви помогне да се релаксирате и полесно да заспиете. Ако често се будите во текот на ноќта, пробајте да се туширате со топла вода околу еден час пред спиење.
Запалете свеќа или напијте се чај од лаванда
Многу истражувања покажале дека лавандата, па дури и само нејзиниот мирис, нè релаксира, па таа може да биде одличен сојузник во борбата против несоницата.
Ако се разбудите во текот на ноќта, запалете свеќа со арома на лаванда или направете си чај од овој цвет. Некогаш е доволно и само да помирисате малку етерично масло од лаванда за да се релаксирате.
Облечете чорапи
Во зимските месеци, чорапите можат да ви помогнат полесно да заспиете. Во овој случај избегнувајте многу тесни чорапи, туку облечете поширок пар од природен материјал, како памук.
Најдете си релаксирачка активност ако поминале повеќе од 20 минути
Ако сте будни повеќе од 20 минути, немојте да лежите во кревет. Ова само ќе ве фрустрира и ќе ви биде уште потешко да заспиете. Наместо тоа пуштете си релаксирачка музика, излезете на тераса, направете си шолја чај или правете што било што ќе ви помогне да се опуштите.
Само, немојте да довршувате работни обврски на компјутер или нешто слично што може да ви предизвика стрес. Правете нешто што ве релаксира.
Спирова С. | Црнобело