Што да правите ако се разбудите среде ноќ и не можете да заспиете?

Вежби за истегнување, чај од лаванда, туширање со топла вода - постојат неколку едноставни трикови што ќе ви помогнат да заспиете ако се разбудите среде ноќ.

shto-da-pravite-ako-se-razbudite-srede-nokj-i-ne-mozhete-da-zaspiete-01.jpg

За жал, многу луѓе се будат во текот на ноќта, а потоа не можат да заспијат подолго време. Во овие мигови веројатно чувствувате фрустрација, особено ако треба да станете рано наутро.

Ако ова ви се случува секоја вечер или сте забележале и други проблеми со спиењето, најдобро е да се консултирате со лекар за да ја откриете причината.

А, во меѓувреме, погледнете неколку совети кои ќе ви помогнат да се релаксирате и полесно да заспиете:

Направете неколку едноставни вежби за истегнување на стапалата и нозете

Овие вежби ќе ви помогнат да се релаксирате, а за да ги направите нема потреба да станувате од креветот.

Можете прво да ги стегнете мускулите во нозете, држете неколку секунди, па опуштете се. Потоа свиткајте ги прстите на стапалата кон напред, држете неколку секунди, па исправете ги прстите нагоре и повторно држете неколку секунди.

shto-da-pravite-ako-se-razbudite-srede-nokj-i-ne-mozhete-da-zaspiete-02.jpg

Не го пуштајте миленичето во спалната соба

Обично милениците не спијат по цела вечер како нас, па неговото движење во текот на ноќта може да ве разбуди. Ако сте забележале дека токму тоа ве буди навечер, најдобро е да го научите да спие во друга соба.

shto-da-pravite-ako-se-razbudite-srede-nokj-i-ne-mozhete-da-zaspiete-03.jpg

Наместо да „скролате“ на телефонот, читајте книга

Светлината од смартфонот може да го намали нивото на мелатонин – хормон кој помага во регулирањето на спиењето. Затоа, ако се разбудите и не можете да заспиете, подобро е да читате книга отколку да го користите телефонот.

Многумина препорачуваат во овие случаи да читате нешто што не ве интересира – книгата брзо ќе ви стане здодевна и поголема е веројатноста да ви се приспие.

shto-da-pravite-ako-se-razbudite-srede-nokj-i-ne-mozhete-da-zaspiete-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg