Најтетовираната мајка од Велика Британија се жали: „Ме нарекуваат лоша мајка“

Беки од Велика Британија смело објавува фотки како ја дои својата ќеркичка, но негативните коментари на нејзина адреса не сопираат.

najtetoviranata-majka-od-velika-britanija-se-zhali-me-narekuvaat-losha-majka-01.jpg

Беки Холт (33) која вели дека е најтетовираната жена во Велика Британија, пред извесен период се реализираше во улогата на мајка, а сега објавува фотографии на кои го дои своето малечко со цел да го нормализира доењето во јавност.

Но, негативните коментари на нејзина сметка не сопираат.

Таа се породи со ќерката Аурора во декември, а вели дека луѓето од првиот миг ѝ коментираат дека ќерка ѝ ќе се плашела од неа.

„Ме нарекуваат глупава, ментално болна, одвратна, жедна за внимание, лоша мајка, ужасен пример. Ми велат дека личам на порно ѕвезда, дека ќе се каам за 10 години од сега, дека ќерка ми ќе се срами од мене“, вели Беки и тврди дека не дозволува негативноста да допре до неа, но предупредува дека другите корисници на социјални мрежи не се толку силни како неа и сите овие зли јазици може да предизвикаат сериозен проблем за нив.

„Не можам да верувам дека луѓето може да бидат толку лоши кон личност која воопшто не ја сретнале во животот. Јас ги игнорирам и сметам дека секој е прекрасен на свој начин“, додава таа.

Фотки од Беки:

Повеќе фотки од Беки ТУКА!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
14 случаи кога реалноста е многу полоша од очекувањата - Што порачав, а што добив? „Им напишав толку негативна критика, што ми рекоа дека ќе ми платат за да ја пов...
Била ѕвезда во Холивуд, татко ѝ ја убил на 10-годишна возраст: Тажниот и краток живот на актерката Џ... До 10-годишна возраст, Џудит Барси се појавила во 70 реклами, како и неколку поп...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg