„Лесно е кога сè околу нас лебди“ – Астронаут открива како изгледа животот во Вселенската станица, низ фотки
Астронаутот Мајк Хопкинс моментално се наоѓа на Меѓународната вселенска станица, а на неговиот Твитер профил често споделува фотографии од неверојатната глетка, но и од животот во вселената.
Мајк Хопкинс е астронаут вработен во НАСА и дефинитивно го има најдобриот поглед од неговата „канцеларија“. Мајк е пилот на леталото Crew Dragon Resilience, кое моментално е прикачено за Меѓународната вселенска станица. Леталото е направено од SpaceX во соработка со НАСА, а беше лансирано во ноември 2020-та.
Мајк е еден од пилотите кои управуваат со леталото, а одвреме-навреме на својот Твитер профил споделува фотографии од неговото искуство.
Тој станал астронаут за НАСА во 2009-та година, а ова е неговото трето патување до Меѓународната вселенска станица. Неговата сегашна мисија ќе трае околу шест месеци, односно до април.
Во продолжение најдобрите фотки што ги сподели Мајк досега:
„Некогаш, кога имате слободен ден, треба само да гледате во облаците. Ова е прекрасниот поглед од Crew Dragon Resilience“.
„Фотографии од вселенската прошетка од неделава. Ги надградивме системот за разладување и системот комуникација. Односно, сега имаме подобар интернет!“
„Од леталото гледавме како контролорите на НАСА, кои се на Земјата, нè ослободија од отпадот кој подоцна ќе изгори во атмосферата“
„Денес добивме нов пријател – леталото Cygnus SS!“
„Денес го гледавме одвојувањето на леталото Progress 76 P од Вселенската станица. Збогум вселенски патнику!“
„Сте се запрашале ли што гледаат астронаутите за време на вселенска прошетка? На ова селфи, на рефлексијата од визирот се гледа мојот поглед. Навистина остава без зборови!“
„Не секогаш имате можност да го видите вашето летало однадвор“.
„Со екипаж од седум луѓе, тешко е да најдете место за групна фотографија. За среќа, микрогравитацијата ни е од помош“.
„Вторпат прославувам роденден во вселената“.
„Ни треба поголем простор! Некогаш е навистина тесно, особено кога пречекуваме товар. Имаме ограничен простор на Станицата, но за среќа, движењето е лесно кога сè околу нас лебди“.
Спирова С. | Црнобело