Носење чевли без чорапи и уште 5 хигиенски грешки кои сите несвесно ги прават

Без разлика колку се грижиме за личната и за хигиената во домот, нормално дека не можеме да обрнеме внимание на буквално сите детали. Па, одвреме-навреме правиме грешки кои некогаш можат да ни предизвикаат проблеми.

6-te-najchesti-higienski-greshki-shto-site-nesvesno-gi-pravime-01.jpg

Сите ги имаме на ум основните правила за хигиена, како миење раце пред јадење, миење заби наутро и навечер, соблекување на чевлите во домот и слично, но неретко забораваме на некои ситници.

Затоа, погледнете кои се најчестите хигиенски грешки што многумина несвесно ги прават:

Користите средство за плакнење уста веднаш откако ќе ги измиете забите

Откако ќе завршите со четкање, препорачливо е да не ја плакнете устата со вода. На овој начин флуорот од пастата ќе остане подолго на вашите заби и ќе им даде подобра заштита. Од истата причина треба да избегнувате средство за плакнење на устата веднаш откако ќе ги измиете забите.

Многу подобро е да го користите ова средство околу половина час после оброк, а откако ќе ја исплакнете устата, почекајте уште половина час пред да јадете или пиете нешто.

6-te-najchesti-higienski-greshki-shto-site-nesvesno-gi-pravime-02.jpg

Заборавате да ги исчистите долгите нокти кога ви се лакирани

Ако имате долги лакирани нокти, тогаш не можете да ги видите нечистотиите што се собрале под нив, па нормално е да заборавите да ги исчистите. Но под нив се собираат многу бактерии кои лесно можат да завршат во вашата уста. Затоа, редовно чистете ги и ноктите, а ако заборавате, најдобро е да ги скратите.

6-te-najchesti-higienski-greshki-shto-site-nesvesno-gi-pravime-03.jpg

Не го чистите приборот за маникир и педикир

Како што во салоните за убавина ги дезинфицираат турпиите, грицкалките за нокти и другиот прибор за маникир и педикир, истото треба да го правите и вие.

Не е важно дали само вие ги користите овој прибор – на него се собираат сите бактерии од вашите нокти и треба да го дезинфицирате пред секоја употреба.

6-te-najchesti-higienski-greshki-shto-site-nesvesno-gi-pravime04.jpg

Често носите чевли без чорапи

Чорапите ја впиваат потта од вашите стапала, па ако не ги носите, таа ќе заврши во вашите чевли. А, кога чевлите се влажни, тие стануваат совршена околина за развој на секакви бактерии и габи. Ова, пак, ќе биде причина за појава на непријатен мирис.

6-te-najchesti-higienski-greshki-shto-site-nesvesno-gi-pravime05.jpg

Често користите марамчиња за интимна нега

Понекогаш, кога немате време да се истуширате, во ред е да се средите со влажни марамчиња за интимна нега, но избегнувајте да ги користите многу често.

Иако на овие марамчиња пишува дека се нежни и погодни за кожата на интимната област, некогаш содржат парфеми и други состојки кои можат да предизвикаат несакани реакции со честа употреба.

6-te-najchesti-higienski-greshki-shto-site-nesvesno-gi-pravime06.jpg

Користите хемиски средства за одзатнување на одводот дури и кога нема потреба

Колку и да бидете внимателни, со текот на времето во одводот се собира храна, влакна и слично, па ќе мора да употребите хемиско средство за одзатнување. Но, немојте да ги користите овие средства кога нема потреба од тоа, бидејќи сепак станува збор за хемикалии кои се штетни и за вас, и за околината.

Ако сакате често да го чистите одводот, подобро направете раствор од иста количина вода и оцет, истурете го, почекајте 15-тина минути, па пуштете млаз студена вода.

6-te-najchesti-higienski-greshki-shto-site-nesvesno-gi-pravime07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg