Движење на колкови, начин на седење: Девојка од Њујорк дава видео упатство како жената е најзаводлива
Патрициа е девојка од Њујорк која смета дека секоја жена треба да изгледа и да се однесува како вистинска дама во секоја пригода, па постојано споделува совети околу тоа.
Девојка од Њујорк потпишана како @patricia.cnr на ТикТок дава упатства како девојките и жените со помош на позиционирањето на телото при седење, како и начинот на движење, да изгледаат најзаводливо што може.
Таа смета дека секоја жена треба да изгледа женствено и да се однесува како вистинска дама.
Патрициа во ТикТок видео прикажува како НЕ треба, односно како треба тие да прават одредени работи.
Нејзините совети се однесуваат на тоа дека при одењето жените треба да ги користат колковите, односно кога се движат да ги мрдаат лево – десно. Потоа прикажува дека кога стојат телото треба да им биде во „S“ форма со едниот колк нанадвор и спротивното рамо истакнато.
Исто така, Патрициа посочува на седењето, односно дека жените треба да седат со нозете настрана, со едната нога преку другата, за да не го „затвораат“ своето тело.
Последниот совет е околу позиционирањето на телото при порачувањето храна, односно таа демонстрира како едната рака жените треба да ја постават на рамото за да го покажат вратот кога сакаат да привлечат внимание.
Видеото со совети од Патрициа:
@patricia.cnr #flirt #datingadvice #girls #fyp #tips #datingtips #howto #datinghacks #seduction
-->♬ Levitating (feat. DaBaby) - Dua Lipa