Спремете домашна журка
За да направите журка или седенка, потребно е само малку труд. Суштината е во тоа, сè да испланирате на време, значи порано, да се подготвите за...
...гости по дома и да се наоружате со добро расположение, кое никако не смее да ви недостасува, за сите на забавата да имаат впечаток дека се вклучени во пријатна атмосфера.
Направете нешто за осветлување на просторот. Играта со светлината ќе направи атмосферата да биде заводлива, свечена и истовремено малку мистична. Свеќите можат да бидат интересни, особено се ефектни доколку се постават незадолжително, на различни места: на подот, полиците, скалите и задолжително на масата со послужувањето.
Не мора нешто специјално да се средувате за забавата која ја приредувате, но немојте да дозволите да личи како изгледот да ви бил најневажната работа на светот. Жените не треба да ја менуваат гардеробата во последен час (затоа што тоа значи два часа пресоблекување), но мажите може пред самиот дочек на гостите да го сменат ..на пример џемперот или кошулата.
На вашата забава мора да има пијалок и нешто за грицкање. Сето тоа подгответе го неколку часа пред да дојдат гостите. Така и вие ќе можете да уживате на забавата наместо да трчате и проверувате дали има уште пијалaк и да размислувате како да претрчате до драгсторот и да донесете уште (само ако не е поминато времето за купување алкохол), а гостите да не забележат дека ве нема.
Што се однесува до изборот на храна, одберете јадења што стојат на собна температура. На храната задолжително применете го правилото „помалку значи повеќе“, што во овој случај значи да може да се јаде во мали залаци.
Бидејќи визуелното поле е нешто што предизвикува најмногу сензации кај луѓето, особено внимание обрнете му на просторот и се што е во видното поле на вашите гости. Комбинирајте ги боите и стиловите!