Како се запознале најпопуларните парови од британското кралско семејство?

Принцезата Ен и сер Тимоти Лоренс

Тимоти е всушност вториот сопруг на принцезата Ен, а нивната врска уште на почетокот беше опкружена со контроверзии. Кога Ен и Тимоти почнаа да се гледаат, принцезата сè уште не беше официјално разведена од првиот сопруг, а ова беше огромен скандал за кралското семејство.

Тие се запознаа во 1986-та, на приватната јахта на кралското семејство, набрзо потоа ја почнаа аферата, а јавноста дозна за нив откако неколку англиски медиуми ги објавија писмата што си ги пишувале ден на друг.

Ен за разведе од првиот сопруг во 1992-ва, а на крајот од истата година се венча со Тимоти. Тие се заедно до денес.

kako-za-zapoznale-najpoznatite-parovi-od-britanskoto-kralsko-semejstvo-06.jpg

Принцот Ендру и Сара Фергусон

Малкумина знаат дека принцезата Дијана има голема улога во врската на Ендру и Сара.

Дијана и Сара се знаеле со години, а принцезата помислила дека треба да ја запознае со некои од членовите на кралското семејство. Кога ја поканила на вечера, Дијана се погрижила Сара да седне до Ендру, а меѓу нив веднаш се појавила искра. После неколку месеци додворување, Ендру ја побара за жена во 1986-та, а истата година стапија и во брак.

Тие добија две деца, но се разделија во 1992-ра година.

kako-za-zapoznale-najpoznatite-parovi-od-britanskoto-kralsko-semejstvo-07.jpg

Зара и Мајк Риндал

Зара е ќерката на принцезата Ен и интересно е што нема кралска титула. Таа и нејзиниот сопруг Мајк се запознаа во 2003-та во Австралија, преку братучедот на Зара – принцот Хари. Кратко по првата средба тие ја почнаа нивната врска, а се венчаа во 2011-та.

Тие се родители на две ќерки, а минатата година соопштија дека го очекуваат и третото дете.

kako-za-zapoznale-najpoznatite-parovi-od-britanskoto-kralsko-semejstvo-08.jpg

Принцот Едвард и Софи Рис Џоунс

Едвард е најмалото дете на кралицата Елизабета и последен стапи во брак. Тој и сопругата Софи се запознале во 1987-ма, но тогаш не се случило ништо. Кога повторно се сретнале во 1993-та тие работеле на добротворен настан и тогаш сфатиле дека си се допаѓаат.

Тие беа во врска цели 6 години пред да се венчаат во 1999-та. Софи и Едвард уште се во брак, а принцот Едвард е единствениот син на Елизабета кој уште е заедно со првата и единствена сопруга.

kako-za-zapoznale-najpoznatite-parovi-od-britanskoto-kralsko-semejstvo-09.jpg

Принцот Чарлс и Камила

Многумина не ја сакаат Камила и сметаат дека таа го „украла“ Чарлс од Дијана, но тие двајца се познаваат долго пред принцот да ја почне врската со неговата прва сопруга.

Според изворите, тие се запознале уште во 1970-тите, а имаат многу заеднички пријатели и уште во младоста присуствуваа на многу исти настани. Иако тој период почнаа врска, мораа да се разделат, а набрзо потоа Камила се венчаше со Ендру Паркер Боулс.

После многуте скандали, Чарлс се разведе од Дијана, а Камила од нејзиниот сопруг и дури после смртта на Дијана тие се охрабрија да ја споделат нивната врска со јавноста.

Во 2005-та, околу 35 години откако се запознале, Чарлс и Камила се венчаа.

kako-za-zapoznale-najpoznatite-parovi-od-britanskoto-kralsko-semejstvo-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Брус Вилис и Деми Мур беа во брак – Настани кои се случија пред дури 35 години Пред 35 години, се емитуваше последната епизода од легендарната сапуница „Династ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg